ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Татковци, на денот на породување – бидете подготвени
    Татковци

    Татковци, на денот на породување – бидете подготвени

    Кога ќе дојде до бременост и породување, целото внимание е посветено на идните мајки

    Сепак, ајде да видиме што е со таткото, кој е често запоставен во овие моменти.

    Дали е партнер или сопруг, таткото има исклучително важна улога.

    Нивна обврска е планирањето, возењето, масажата и држење на мајката за рака како утеха.

    Како да бидете целосно спремни за сите овие улоги?

    Бидете секогаш спремни

    Многу истражувајте за да бидете свесни за тоа што ве чека. Како изгледа породувањето? Каде ќе се паркирам? Од каде треба да влезам во болницата? Секогаш имајте доволно гориво.

    Немојте да паничите

    Пробајте да останете смирени. Паниката на никој нема да му помогне во ваква ситуација. Ни на вас, ни на мајката , ни на бебенцето.

    Бидете секогаш тука за мајката

    Дали сте слушнале за тоа дека на бремените жени ништо не им се одбива? Не се жалите и исполнете и ја секоја желба, каква и да е.

    Двапати мери, еднаш сечи

    Ова не е време за шеги, и приказни за работните проблеми. Бидете и поддршка и охрабрување. Ако немате што да кажете, можеби е подобро да не кажете ништо.

    Што се треба да носите со себе?

    Во паника пред одењето во болница, бидете сигурни во едно-торбата нека ви биде спремна. Таковците ветерани ќе ви препорачаат торбата да биде спремна- една за мајката и бебето, една за таткото, како полесно би пронашле се што ќе ви треба кога ќе дојдете во болница.

    Што секој татко треба да спакува?

    Бидејќи не знаете колку ќе се задржите во болница, морате да мислите на се- мобилниот телефон и полначот, како ќе му соопштите на светот дека сте станале татко? Потоа, сигурно ќе ви биде доделена улогата на сликар и камерман, откако мајката и бебето ќе бидат добри.

    Не заборавајте пари-можеби ќе дојдете во ситуација да морате да тркнете до продавница ако нешто сте заборавиле.

    Во зависност од болницата, може да се случи да ја преседите ноќта-можеби би било добро да земете и резервна облека, или барем маица, дуксер и дезодоранс.

    Забавувајте се

    Малку забава никогаш не е лошо. Книга, весник или нова игра ќе ви биде од помош. Никако не ги заборавајте слушалките.

    Пред идните татковци ставена е ни малку лесна задача-да останат смирени, да бидат поддршка, во време кога се чуствуваат дека и нив им треба некој да ги поддржи, бидејќи да не заборавиме дека ова и за нив е еден од најважните денови во животот.