• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Татковци, припремете се за доење: 5 совети како да помогнете на мајката но и на бебето
Татковци

Татковци, припремете се за доење: 5 совети како да помогнете на мајката но и на бебето

Колку и да звучи необично, а на некој можеби и чудно, татковците можат да одиграат многу важна улога во доењето.
Еве неколку начини како да го остварите тоа и да помогнете на сопругата и бебето:
Бидете и од помош на партнерката
Доењето е тешка работа, затоа бидете внимателлни и грижливи со вашата поубава половина. Превземете неколку куќни обврски, посебно тешките, помогнете и кога можете. Кога треба да се дои бебето, донесете и перница и чаша вода. Понудетет и да го подржите бебето додека подждригне, кога ќе заврши со цицање.
Остварете колку можете повеќе контакти кожа на кожа со вашето бебе
Милувањето, гушкањето, бањањето, читањето во фотеља додека бебето седи во пелени на вашите гради, се одлични за градење на добри односи со детето. Тие на вашите малечки ќе им дадат прилика да се поврзете и да имате физичка блискост во текот на доењето.
Поминете долго време сами во дружење со детето
Одведете го бебето на прошетка, едноставно буткајте ја количката. Играјте заедно на подот. Помогнете кога ќе ги прави првите чекори…сето ова вам и на вашето бебе ќе му даде прилика извесно време да бидете сами, да бидете упатени едни со други. Што почесто тоа се случува, толку повеќе ќе чувствувате самодоверба, повеќе ќе верувате и на себе и на своите вештини, односно способности како родители.
Хранете го вашето бебе со мајчино млеко со помош на шишенце
Ако мајката рачно го измолзува млекото или со помош на пумпа, вие ќе можете на вашето бебе да му воведете шише и повремено да ја превземате за време на хранењето. Најчеста причина што мајката прави залиха од млекото, е тоа што бебето може да го конзумира кога таа не е во близина. Тоа е многу важно ако се враќа од работа, а сака да продолжи со доење. Исто така, тоа значи дека не мора секогаш да биде тука за хранење, па дури и ако е во домот а посебно во доцните ситни часови. Вие можете да го нахраните бебето со мајчино млеко од шише, што на мајката ќе и овозможи непрекинат сон.
Пред да започнете со воведување на шише во исхраната, почекајте доењето да биде воспоставено, но и бебето да биде барем 3-4 недели старо. Важно е да пред се дадете шанса во потполност да се почувствува угодност во доењето. Бебето цица на сосема поинаков начин од дојката и од шишенцето. Исто така, ако мајката планира истовремено да дои и да дава шише
Немојте да сфатите лично, доколку вашето бебе во почетокот изгледа тотално незаинтересирано да пие од шише. Цуслите налик вештачки брадавици, можат да се набават во разни облици и големини. Можете ќе морате малку да експериментирате пред вие и вашето бебе да откриете која најмногу би ја сакало.
Некои бебиња, би сакале да се држат во позиција иста како и при доењето додека пијат од шише. Испробајте разни положби, а цело време задржете контакт со очите. Дајте му на бебето прилика да се навикне на ново искуство.
Бидете трпелливи ако вашата партнерка изгледа помалку заинтересирана за секс од порано, додека не стигнало бебето
Можно е да се чувствува исцрпено, поради постојаните грижи околку бебето, хронична ненаспаност, работа низ домот. Според тоа, жените поради доењето имаат ниско ниво на естроген, што неретко доведува до помала вагинална влажност. Тоа може да предизвика голема нелагодност или болен однос. Затоа, наместо претпоставувања дека повеќе не сте и возбудлив на својата сопруга, спремете се со лубрикант, за периодот кога таа навистина е расположена за секс.