ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Тато работи, мама го чува бебето … Кој станува ноќе?
    Тато работи

    Тато работи, мама го чува бебето … Кој станува ноќе?

    Ако новопечениот татко секојдневно работи, дали треба да биде “поштеден” во текот на ноќта? Што мислите? Денес, татковците имаат можност по раѓањето на бебето, да земат породилно отсуство, ако се согласат со мајката на детето.

    Но, ова сè уште се случува ретко. Теоретски звучи одлично, но колку татковци знаете кој ја користеле оваа можност?

    И тука доаѓаме до прашањето дали на “главата на семејство” да му обезбедиме мирно да спие во првите недели по раѓањето во текот на ноќта, бидејќи дење оди на работа, или би требало “ноќната смена” мама и тато да ја делат.

     

    Ако само малку се навратиме на минатото, можеби е доволно само да се прашаат бабите и дедовците, да видите дека мажите традиционално останаа поштедени од акцијата за валкани пелени, шишиња и ноќен оброк.

    Денес, работите се променија иако, и на некој начин се подразбира дека и таткото ќе учествува во воспитувањето на децата, ако не на исто ниво со мајката, тогаш барем со давање морална поддршка. Ако мајката го дои бебето, понекогаш е во ред да се разбудите и да и правите друштво. Бидејќи понекогаш … тоа може да потрае некое време, бебето спие и цица, можеби не цица само се милува, и мајката седи бескрајно во темнината или полутемнина, во собата на бебето, а можеби е малку осамена …

     

    Се разбира, има уште татковци кои не разбираат зошто ова е важно. И во ред, не можете да ги вразумите. Но, “одам да работам наутро” не е аргумент.

     

    Зашто мајката наутро, кога тато оди на работа, не спие. Таа го поминува своето време да прави сѐ што може да го направи бебето да расте убаво и среќно, дава се од себе за бебето да изгради свет во кој сака своето дете да расте.

     

    Заморот ја стига и мајката, знаете … и затоа е важно да не само повремено “скокнете” за да би и “помогнале”, туку да сфатите дека сте родител на бебето исто колку и вашиот партнер.

     

    Тато не го чува бебето. Бидејќи таткото не е бебиситер туку татко.

     

    Се што можете да направите во овие први недели е да направите план, така што и двајцата ќе можете да фатите малку спиење “во делови” во текот на ноќта.

    Така двајцата ќе бидете порелаксирани и порасположени, подобро ќе се согласувате и што е најважно повеќе ќе уживате со вашето бебе. И двајцата.