ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Tемпература кај децата
    Tемпература кај децата

    Tемпература кај децата

    Различните пореметувања во здравствената состојба кај децата се манифестираат со покачена температура. Покачената температура е симптом кој покажува дека нешто се случува во организмот. Кај новороденчињата рецепторитеза температура на кожата не се доволно созреани, така што температурата се зголемува над границите на нормалата при затоплување.

    Најчеста причина за зголемување на температурата кај новороденчињата и малите деца се инфекциите. Причини за инфекциите се вирусите или бактериите кои се причина за воспаление на горните респираторни патишта, белите дробови, запаление на ушите. Ако не е разјаснето од што е зголемена температурата треба да се провери и инфекцијата на мочните патишта.

    Мачнината, повраќањето и проливот заедно со зголемена температура, покажуваат на локална инфекција во дигестивниот систем. Секако, треба секогаш да се имаат во предвид и инфекциите на централниот нервен систем ако се оддржува висока температура која не може да се намали со лекови за симнување на температура.

    При секоја состојба на многу висока температура треба да се јавите кај лекарот, кој врз основа на земените податоци за тоа како и кога почнала температурата, врз основа на процесот на општата состојба на пациентот и направениот клинички преглед и лабараториската анализа на крвта, урината, брисевите, урино и хемокултурата, ќе дојде до причината од што дошло до зголемување на температурата.

    Лечењето се спроведува во зависност од причината за зголемената температура. Ако се работи за новороденче кое има зголемена температура поради преголемо затоплување, треба да го раскомотите, да му симнете дел од облеката, а просторијата во која што престојува мора да ја разладите до 20 степени. Треба да ја навлажнувате кожата со млака вода, затоа што водата која испарува од кожата, ја намалува количината на топлина. Сличен ефект има и бришењето на кожата со вода и алкохол. Овие деца се здрави и нив не им требаат лекови.

    Ако се работи за вирусна инфекција, треба да се направи симптоматска терапија и да се дадат лекови за намалување на температурата (најчесто кај децата се користи бруфен), многу течности, затоа што децата со висока температура губат многу течности. Ако се посомнева на бактериска инфекција или мешана вирусно-бактериска инфекција треба да се даде антибиотик, по можност согласно антибиограмот.

    И покрај сите превземени мерки, некогаш е многу тешко да се открие причината за зголемената температура. Во тој случај се проценува клиничката состојба на детето и ако е состојбата тешка, детето се упатува во болница каде ќе се направат дополнителни испитувања, интравенско надополнување на течности и применување на лекови кои се даваат во болнички услови.