• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Тенисерката им оддаде почит на сите родители кои во едната рака држат бебе, а со другата рака се подготвуваат за работа
Тенисерката им оддаде почит на сите родители кои во едната рака држат бебе

Тенисерката им оддаде почит на сите родители кои во едната рака држат бебе, а со другата рака се подготвуваат за работа

Тенисерката им оддаде почит на сите родители кои во едната рака држат бебе, а со другата рака се подготвуваат за работа

Светски познатата тенисерка со објава на твитер им оддаде почит на сите мајки и татковци кои успеваат да ги усогласат работните и родителските обврски.

Честото гледање на тенисерката Серена Вилијамс со својата едногодишна ќерка Алексис Олимпија во едната рака и тенискиот рекет во другата рака, навистина предизвикува почит за таквото справување со обврските во животот.

Оваа позната тенисерка искажа голема благодарност до сите родители кои работат многу напорно и долго низ една прекрасна порака на твитер.

“Доколку е потребно да се загревате и истегате со бебе во рацете, оваа мајка тоа ќе го направи. Драги пријатели, вработени родители, или пак Вие кои останувате дома затоа што тоа е еднакво тешко – ме инспирирате. Слушајќи ги Вашите приказни сфатив дека јас можам. Благодарна сум Ви од дното на мојата душа!”

Оваа изјава предизвика лавина одговори од воодушевени родители заедно со благодарност и разбирање на нејзиниот твитер профил.