ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Тешкотии и болки во бременоста
    Тешкотии и болки во бременоста

    Тешкотии и болки во бременоста

    Болки во грбот

    Може да се појават во било кое време, но обично се случуваат кога поради тежината на детето, пробувате да се исправите наведнувајќи се наназад, што ги притиска мускулите и пршлените во долниот дел на грбот.

    Пробајте да избегнувате подигање на тешки предмети, не се наведнувајте со свиткани колена, а додека седите грбот нека ви биде добро потпрен.

    Крварење на непцата

    Хормонските промени може да предизвикаат наслаги на вашите заби што може да доведе до крварење на непцата. Важно е посебно да се внимава на хигиената на усната шуплина и да се избегнува грицкање на слатки и пиење на зашеќерени пијалоци. Додека сте бремени, слободно можете да ги лечите забите и прегледајте ги за тој периот барем два пати.

    Грчеви

    Можете да почувствувате изненадно остра болка во нозете или стопалата, често ноќе. Пробајте да ги свиткате прстите на нозете спрема глуждовите и тријте го зафатениот мускул. Редовно полека вежбајте, тоа ќе ви помогне грчевите да не се повторат.

    Запек

    Некои дополнителни хормони кои се јавуваат само во бременоста може да предизвикаат опуштање на цревата и нивно намалено учество. Ќе ви помогне ако јадете повеќе овошје, зеленчук и пиете повеќе вода.

    Несвестица

    Може да почувствувате слабост ако предолго седите или ако брзо станете. Тоа се случува затоа што во вашиот мозок не протекува доволна количина на крв, ако нивото на кислород падне многу ниско, може да се онесвестите. Полека станувајте, без оглед на тоа дали од седечка или од лежечка положба, ако стоите, седнете и спуштете ја главата кон колената.

    За подобра и полесна бременост, Ви ги препорачуваме перниците наменети за трудници.