ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Tест кој ќе ви даде одговор, дали сте спремни за првото бебе?
    Tест кој ќе ви даде одговор

    Tест кој ќе ви даде одговор, дали сте спремни за првото бебе?

    Ви предлагаме интересен тест кој ќе ви помогне да откриете дали сте спремни за првото бебе. Ако успешно го завршите своите задатки, спремни сте да станете родители. Среќно!
    1. Останете во својот дом во текот на ноќта, без разлика на привлечните повици за излегување нормално, честитаме, ја пројдовте првата задача.
    2. Читате книга или пак весник, а некој постојано ви смета и непрекинато пробува да ви одвлече внимание, а вие останувате совршено мирни, браво за вас. Продолжете со задача број 3.
    3. Пробајте да разговарате со пријателка, додека некој непрекинато гласно вика “Мама, мама”. Ако успеете да ја завршите реченицата и да разберете што сака пријателката да ви каже и на крајот немате главоболка, спремни сте за задача број 4.
    4. Излезете од домот на следен начин: Отворете ја влезната врата, потоа затворете ја, потоа повторно отворете и што сте излегле од домот, вратете се веднаш внатре. Ова направете го кога многу доцните на некој состанок. Штом успеете да го сочувате мирот, продолжете со задача број 5.
    5. Пронајдете некоја лента на која има детски гласови измешани со детско плачење. Преснимете ги песните на телефон, Ipod, вклучете ги на најгласно и пробајте да возите кола, да купувате облека, разговарате на телефон, чистите кујна, гледате вести. Ако буката и плачот не ви смета, повторете го тоа со уште посилен глас.
    6. Туширајте се со отворена врата од купатилото или пак без завеса. Нанесете голема количина на млеко/лосион за туширање и отидете до другиот крај на купатилото (немојте да се излизнете). Останете така, потоа вратете се и брзо измијте го лосионот/млекото и потоа повторно отидете на другиот крај. Немој до крај да се избришете. Штом успеете во тоа, можете да се истуширате со бебето во купатилото.
    7. Балансирајте ја тежината на една страна, со другата рака припремете оброк од три намирници, пробајте да се нашминкате, на испратиет е-маил. Ако сте успеале да го совладате ова , повторете ја задачата, но овој пат замотајте нешто околу нозете. Доколку успеете во се без залажување, сте ги совладале сите вештини и спремни сте да станете мајка.