ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Тестирање на рефлексите кај бебиња – 1 дел
    Тестирање на рефлексите кај бебиња - 1 дел

    Тестирање на рефлексите кај бебиња – 1 дел

    При раѓање, кај бебето се вградени повеќе рефлекси што му овозможуваат да преживее и побргу да се приспособи на околината. Рефлексот претставува неволно дејство што е резултат на директен пренос на дразба до мускулот. Можете да изведете едноставни дијагностички тестирања на вградените рефлекси, како што е опишано подолу.

    Рефлекс на цицање

    Овој рефлекс му помага на бебето да добие/земе/обезбеди храна (во вид на мајчино или адаптирано млеко) во текот на првите неколку недели од животот. Кон крајот на првиот месец обично се развива во намерно и волно цицање.

    1. Ставете чист прст, цуцла или дојка во устата на бебето.

    2. Бебето би требало да го дофати ставеното меѓу јазикот напред и назад , што ќе доведе до влечење и цицање.

    Рефлекс на барање со устата

    Овој рефлекс му помага на бебето да најде храна. Треба да се развие во намерно вртење кон градите или кон шишето во текот на првите 4 месеци.

    1. Земете го бебето в раце и погалете го по образот. Тоа би требало да се сврти во насоката од која доаѓа стимулот, со отворена уста подготвена за дотур на храна.

    2. Повторете на другиот образ. 

    Мороов рефлекс 

    Со овој рефлекс бебето ги исфрла рацете и нозете, а потоа ги повлекува кон градите. Се активира од гласни звуци и/или ненадејни движења. Исчезнува за 4 до 6 месеци.

    1. Легнете го бебето на грб. Кога ќе се смири (но пред да заспие), ненадејно кивнете или закашлајте се.

    2. Бебето би тебало веднаш да реагира и да ги исфрли рацете и нозете, а потоа да ги повлече.

    Внимавајте: Не морате да правите исклучително гласни и заплашувачки звуци за да го тестирате Мороовиот рефлекс. Едноставно, набљудувајте го однесувањето на бебето. Ако кивањето или кашлањето не предизвикуваат реакција, тоа може да го стори лаење на куче, тропање на врата, повишен тон на глас или друга врева.