Тиква во исхраната на бебето
Како и кога да се даде на бебето тиква?
Во исхраната на бебето тиквата се воведува на самиот почеток на воведување на цврста храна, околу петиот-шестиот месец. На задоволство на многу бебиња тиквата може да се користи за правење на солени и благи каши, за ручек, ужина или доручек.
Сезоната на тиквите почнува на есен, а завршува пред крајот на зимата кога уште може да се најде на пазарските тезги и во маркетите. Постојат различни врсти на тиква, а најпознати се мускатна и хокаидо тиква. Мускатната тиква е долгнавеста “со стомаче”, обликот потсеќа на тамбура или круша. Хокаидо ја опишуваат како портокалова тиква со облик на топка-округла, со црвена кора со тврдо ткиво, кое по вкус потсетува на костен.
Тиквата на секое јадење му дава одредена количина на благост и го прави хранливо. Поради нејзината боја, према Мултимикс спремање на оброци, најдобро е да се комбинирасо зеленчук во друга боја (компир, блитва….), ориз и разни видови на месо кои му се даваат на бебето. Времето на варење зависи не само од видот на тиквата туку и од големината на парчињата на кои е исечена тиквата пред варење. Поголемите парчиња може да се варат дваесетина минути, а ако тиквата е исечена на помали коцки се вари за неполни 5 минути.
Зимска (вкусна-шарена) магија
Зимската магија е многу здраво и шарено јадење чии состојки може да се најдат во секое домаќинство, особено во зима. На бебето му се дава откако сите зеленчуци веќе се посебно пробани во исхраната (ова се однесува одобено на грашокот). Потребни состојки:
– Компир
– Една шака замрзнат грашак
– Тиква
– Јајце
Подготовка:
- Се става еден ситно исецкан компир во малку вода да се вари. Кога малку ќе повари се додава грашокот и се вари уште 20 минути. Кога грашокот е скоро сварен се додава тиквата исечена на коцки и се вари уште 5 минути.
- Посебно се вари јајцето (тврдо варено), и потоа жолчката се меша со зеленчукот, се гмечи со вилушка.
- Ако бебето е постаро од една година во јадењето може да се изренда и цело тврдо варено јајце и сигурно бебето ќе ужива во него.