Топ 10 непотребни работи за бебето
Во бременоста уживате во купување бебешки работи. И ако ова е прво бебе, тогаш ќе имате тенденција да купите се што ви се чини дека е убаво и корисно, но тоа во пракса се покажува сосема непотребно и непрактично
Ова се 10 работи што веројатно нема да ви требаат за новороденче:
Чевли. Слатки се , но бескорисни!
Канта за пелени – нормалната канта која ја користите во домаќинството, е сосема доволна да се фрлаат пелени. Покрај тоа, побрзо ќе се ослободите “миризливите пелени” фрлакјки го ѓубрето секојдневно, за разлика од посебните канти за собирање на пелени кои по еден ден или два ќе почнат да се смирисуваат.
Грејач на шишиња – топлата вода е подеднакво добро загреана и во обичен сад.
Грејач на влажни марамчиња – да, и тоа постои!
Облека со капи и фармерки – ова е толку неудобно за мали бебиња.
Бебефон со плоча за сензор – Не се потребни дополнителни зрачења и можни лажни аларми.
Подлоги за еднократна употреба – само дополнителен отпад, добри се и тетра пелените.
Анатомски подлоги за бањање ,тотално непотребни.
Посебна торба за пелени – Дали ви треба торба за пелени и потребната опрема?, но исто така и обичнитеторби ќе бидат во ред.
Шампони, гелови, пудри … – доволно е на детето да му капнете капка до две во кадата за капење и во таа вода може да го избањате цело, кремата за пелени се става во тенок слој ако газето на бебето е црвено. Други козметика не треба да се купи, а за тоа ќе ве извести и медицинската сестра.