• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Треба ли да ги делиме играчките на машки и женски
Треба ли да ги делиме играчките на машки и женски

Треба ли да ги делиме играчките на машки и женски

Делење на играчките

Играчките генерално се поделени на играчи за “Момчиња” и играчки за “Девојчиња”, па така родителите кои имаат син, обично купуваат “машки” играчки, како пушки, автомобили, авиони и слично, за за девојчиња купуваат кукли, бебиња, различни сетови за готвење, пеглање …

Имајте на ум дека детето има право да избере да си игра со што тоа сака и како сака, без разлика колку ќе сакате да ja наметнате својата волја, а тука не сте во право, затоашто и кај момчињата и девојчињата навистина е изразена љубопитноста и радозналоста .

Зошто родителите сметаат дека децата играат со одредени играчки?

Играчките можат само да имаат позитивен ефект врз развојот на децата.

Во повеќето случаи, таткото е оној кој инсистира на тоа дека момчето треба да си игра со “машки” играчки, затоа што тој се плаши дека играњето со кукла може да има негативни последици во иднина, што е, се разбира невистина.

Различни аспекти на играта и разни играчки само можат да имаат позитивен ефект врз развојот на детето.

Што ако вашиот син сака да си игра со кукли?

Кога имате ќерка, логично е дека првата играчка што ја купувате е кукла, но што е со момчињата? Дали треба да им се купи кукла и ако си играат со кукли воопшто, може ли да му наштети на развојот на едно момче или може да биде корисно ?!

Исто така, ако вашиот син сака да игра со кукли, сигурно ќе бидете во голема дилема дали да му дозволите или воопшто не. Размислете кои се Вашите причини поради кои не дозволувате Вашето дете да си игра со играчка која е несоодветна за неговиот пол.

Многу е важно да се ослободите од предрасудите и да му дозволите на детето да ја задоволи неговата љубопитност, бидејќи тоа веројатно е само фаза во развојот и не значи дека неговата машкост ќе биде компромитирана!

Позитивни страни на игра со кукли

Куклата може да биде од голема корист ако очекувате дете.

Најважно при играњето со кукли е дека децата учат родителски вештини, па ако му дозволите на вашиот син да си игра со кукли и се грижи за неа, толку подобро тој ќе научи да чувствува одговорност, љубов, внимание и грижа, и кога ќе порасне веројатно подобро ќе се грижи за себе, но и за другите.

Се разбира, тоа не значи дека момчето не треба да си игра со други играчки, згора на тоа, можно е дека тоа е само фаза (желба да ја имитираат мајката или постара сестра) и дека наскоро ќе се уморни од оваа игра. Дури и ако побара да си игра со кукла, веројатно не би играл како девојче, туку ќе трча по дома и ќе ја користи како чекан, на пример …

Исто така, куклата може да биде од голема корист ако очекувате да имате бебе, а вашиот мал не е многу воодушевен од идејата дека ќе има братче или сестриче. Во овој случај,куклата- бебе може да помогне многу во надминување на бес и лутина на детето, но многу е важно секојдневно да му покажувате како да се однесува со новото бебе и да се грижи за него, така што ќе вежба на куклата.

Дали мојата ќерка ќе биде “мушкоданка” ако игра со играчки за “момчиња”?

Ако едно девојче сака да игра со автомобили, пиштоли, тоа не значи дека ќе биде машкоданесто или агресивно. За девојчињата важи истото како кај момчињата – веројатно е фаза или на тој начин ги имитира постариот брат, татко …