Трета недела од бременост
Трета недела од бременост
Мама: Судбоносната средба се одигра во вас-сперматозоидите прошле низ мембраната на јајцеклетките и се оплодиле. Неколку дена по зачетокот, оплодените јајцеклетки се пробиваат низ здебелената матка, каде почнува плодот да расте. Полека се формира во бебе. Ѕидот на матката почнува да се здебелеува а грлото се продолжува со што би се спречило повторно внес на сперма или пак бактерија, а мускулите на матката постепено стануваат меки.
Веројатно сеуште не знаете дека сте трудни, но вашето тело во права смисла на зборот е во “друга состојба”, а хормоните просто лудуваат. Можеби ќе приметите да се случуваат поинакви работи во ваиот организам пред да изостане месечниот циклус. Заморот и раздразливоста можат да бидат доминантни во расположението во тие денови. Крајот на третата недела, мал број на жени ќе приметат многу светли крвави точки на вешот. Ова крварење може да биде предизвикано од самиот пролаз на јајцеклетката и ѕидот на матката која е богата со крв. Присуството на hCG хормонот е сигурен знак дека сте бремени што до крајот на оваа недела и тестот за бременост биб требале да покажат. Доколку тестот е негативен а вие сеуште не сте добиле менструација, пробајте повторно за два до три дена.
БЕБЕ: Ова е недела кога доаѓа зачетокот. Во вашиот стомак се случуваат разни работи. Бебето за сега е мала топка која се состои од неколку стотина ќелии кои лудо се разможуваат. Откако ќе го помине патот од јајцеводите, таа стига до матката каде што неколку дена кружи, со што на крај ќе се закачи на нејзиниот ѕид каде ќе се угнезди. Во меѓувреме, плодовата вода, која ќе биде перница за бебето во наредните месеци, исполнува внатрешност на оваа топка од ќелија.
Што треба да правите?
Дали сум трудна? Со помош на тест за рано откривање на бременост можете да утврдите дали сте бремени или не.
Пресметајте го датумот за породување. Може да ви пресмета доктор, но можете и сами. Постојат многу различни календари, еве еден наш предлог Link за пресметка на дата на раѓање. Проверете, но немојте никогаш да бидете сигурни дека тој датум е сигурно датумот на раѓање на вашето дете, бидејќи тоа се случува многу ретко.