Тргнете ја флеката од пот со следната состојка
Состојка со која ќе ја тргнете флеката на вашата маица создадена од потта
Не, не треба веднаш да ја пикнете маицата во орманот каде што едвај ќе ја најдете, бидејќи ви е жал да ја фрлите бидејќи поради флеката која се создала од потење не можете да ја носите. Ви откриваме трик со кој ќе ви помогнеме да ги тргнете флеките од вашите омилени парчиња.
1. Потребни ви се две до три апчиња на аспирин. Здробете ги (можете да ги ставите и во пластична кеса и да ја притиснете на дното со чаша)
2. Здобиените апчиња ставете ги во чаша вода и почекајте целосно да се стопат.
3. Ставете ја мешавината на вода со апчињата на флеката и оставете да одстои два до 3 часа
4. За посилен ефект можете да здробите уште две до три апчиња кои ќе ги помешате со неколку капки вода, доволно за да стане густа паста.
5. Втријте на местото на флеката и оставете да делува 2 до три часа.