ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Три начини да се сочува страста додека пробувате да останете бремена
    Три начини да ја сочува страста додека пробувате да останете бремена

    Три начини да се сочува страста додека пробувате да останете бремена

    Се повеќе парови денес се соочуваат со тежок зачеток, а во тој случај сексуалниот живот може многу да трпи. Еве како вие и вашиот партнер и понатаму да уживате во вашата спална соба и покрај се…
    “Договарање” на сексулаен однос во одреден момент по менструалниот циклус, со надеж дека ќе останете бремени, може да биде многу напорно. Сигурно ни вам не би ви било премногу романтично кога вашиот сакан би дошол дома и би рекол: “Овулирам! Доаѓај дома колку можеш побрзо!”
    Во тави ситуации многу лесно може да дојде до губење на возбудата и спонтаноста во сексуалниот живот.
    Истражувањата на Универзитетот Станфорд се докажало дека 40 проценти од жените кои имаат проблем со зачеток се борат со сексуална дисфункција, како што е недостаток на сексуална желба и возбудување.
    Џена Бухер, стручен советник за партнерски односи, мајчинство и кариера, советуваат како да го спречите тоа со партнерот и да уживате како првиот ден:
    Разговарајте со партнерот за се
    Многу мажи и жени не разговараат меѓусебно за она што им е заедничка “мака”. Примарната неплодност или намалената плодност може да бидат голема траума, но тоа не е нешто низ кое би требало да поминувате во тишина. Зборувајте со својот партнер како се чувствувате додека го поминувате тоа, исто и за сексуалниот живот кога е во прашање.
    Приредете си еден на друг посебни моменти
    Романтиката често бега низ прозор кога до сексот не доаѓа спонтано, туку овулацијата диктира. Немојте да го дозволите тоа, туку вложете малку повеќе време во планирање на заеднички активности кои ја зголемуваат вашата емотивна блискост. Можете, на пример да испланирате во текот на викендот да патувате негде заедно или пак да правите нешто што сте го сакале заедно додека сте се забавувале.
    Не обврнувајте внимание на туѓото мислење
    Уште еден елемент кој ја загрозува бобрбата за неплодност е поддршката на семејството и пријателите кои често не знаат како да се постават. Нивниот недостаток на знаење и информираност за проблемите многу често доведува до офанзивен конетар и парот неретко се повлекува во поголема изолација. Од таа причина опкружувајте се со луѓе кои вас нема да ве прават нервозни, а од останатите дистанцирајте се некое време.
    За крај, Џена ги советува сите парови кои се борат со потомство да не дозволат сексот да престане да биде позитивно искуство, туку во него вистински да уживаат. Сексот и тоа како е чин на интимност, заедничко искуство и љубов помеѓу двајца луѓе.
    Секако, до мала заситеност е нормално да дојде, но тоа не мора да остане така. Бидете креативни.