3 напитоци за подобар сон
Сите сме свесни дека пиењето на напитоци кои содржат кофеин и големи количини на шеќери пред спиење можат да предизвикаат несоница.
Дали сте знаеле дека постојат напитоци кои имаат потполно спротивен ефект, кои освен што можат да го подобрат сонот, можат да ја регулираат висината на шеќер во крвта и да го забрзаат согорувањето на масти во телото?
Немирниот и испрекинат сон има силно влијание на нашиот организам. Токму поради тоа, несоницата е тесно поврзана со зголемувањето на килограми и засилената желба за храна, хормоналните промени, лошото расположение и зголемувањето на количината на шеќер во крвта.
Ви претставуваме 3 напитоци со кои полесно можете да дојдете до толку посакуваната цел – губење на вишокот килограми и подобар сон.
1.Млеко
Млекото уште одамна се користи како своевиден “апаурин” пред спиење. Но освен на децата, чаша млеко има свое влијание и на возрасните. Млекото помага побрзо да заспиете и да спиете подобро, а добриот сон значи и помала желба за храна. Исто така, на жените кои се физички активни добро ќе им дојдат протеините од млекото кои бавно се разградуваат и така ги “хранат” мускулите, а не масното ткиво.
2.Чај од камилица
Една чаша топла камилица пред спиење делува како средство за смирување. Овој вкусен напиток го потикнува создавањето на глицин – неуротрансмитер кој го опушта нервниот систем и делува како благ седатив. Чајот од камилица пред спиење ја регулира и телесната температура и така ни помага побрзо и подобро да заспиеме, но ја регулира и количината на шеќер во крвта која е од големо значење доколку сакате да го изгубите вишокот на килограми.
3.Сок или смути од грејпфрут
Иако овошните сокови не се препорачливи да се пијат пред спиење, сокот од грејпфрут е исклучок. Само еден децилитар природен сок од грејпфрут може да Ви помогне и во текот на ноќта да ги согорувате мастите од телото.