Три знаци дека вашето бебе е спремно за навикнување на нокшир
Како и поголемиот број на мајки, веројатно ги одбројувате деновите кога ќе можете да започнете своето дете да го навикнувате на нокшир. Од голема важност е во тие моменти да бидете трпеливи. Додека просечната граница за навикнување на нокшир е од 2 до 3 години, некои деца се спремни неколку месеци порано, додека пак други сеуште може да бидат во пелени и на возраст од 4 години. И секое дете е поинакво. За среќа вашето дете самото ќе ви даде знак кога е спремно да ги отфрли своите пелени и да ја научи вештината на повозрасните деца за употреба на тоалетот.
1.Промена на однесувањето во тоалет
Како вашето дете ќе почне да стекнува контрола над работата на своето тело, прво што ќе забележите е тоа дека бројката на валкани пелени се намалува.Тоа е зелено светло да почнете со навикнувањето на нокшир. Во тој период, децата често можат да одат на некое место во домот, каде што сакаат да бидат сами. Не е исклучено дека ќе го видите вашето дете како клечи во ќош или е само во својата соба, непосредно пред да ги извалка пелените. Вашата цел е да го воочите пред да започне со физиолошката потреба и нежно да го упатите да седи на нокшир и да види што ќе се случи.
2.Неговите реакции на влажните или валкани пелени се менуваат
Како што вашето дете станува се повеќе свесно како неговото тело функционира, тоа ќе даде до знаење дека му треба промена на пелените, или со покажување, или со кажување дека извршило нужда. Тоа веројатно многу брзо ќе стане фрустрирано и ќе му биде нелагодно после нуждата, а можеби ќе проба да ги оттргне пелените. Можеби ќе ви биде чудно и нелагодно, но можете да му помогнете на своето дете да создаде врска со нокширот допуштајќи му да биде во тоалетот со вас додека вие ја употребувате вц шољата.
3.Детето бара поголема независност
Како децата стануваат самостојни, сакаат се да прават сами, а тоа вклучува и вршење на нужда. Оваа промена во однесувањето на детето е очигледна. Детето ќе каже: “Јас сакам да го направам тоа!” И одбивањето на вашата помош во активностите како што се облекувањето на пижами, значат дека детето е спремно за привикнување на нокшир. Не треба никогаш да се изгуби од вид фактот дека сите деца се различни и дека терањето на детето да користи нокшир пред да биде спремно, главно не се исплати. Трпението и посветеноста се добитна комбинација, но дотогаш родителите мораат да бидат спремни на многу пофалби и средства за чистење при рака.