ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Трикови за поуспешно менување на пелени на немирни бебиња
    Трикови за поуспешно менување на пелени на немирни бебиња

    Трикови за поуспешно менување на пелени на немирни бебиња

    Ако вашето бебе е прилично немирно, особено при менување на пелени, време е да откриете неколку едноставни трикови за брза и успешна нега.

    Не е важно колку многу забавно e непослушното бебе кое се превртува, гуга и и прави проблеми на мајката, тоа дефинитивно престанува да биде симпатично кога вашето бебе е она кое не ви дава мир.. Додека ја подготвувате пелената, тоа истурило пудра, додека го средувате нередот, тоа ја ставило пелената во устата, а тука е исто така – со немирните бебиња секогаш присутен – стравот дека за време на неговото беснеење ќе се сврти и ќе падне.

    Ова е причината зошто на мајките на немирните бебиња им е важно што побргу да ја совладаат вештината на менување на пелени, но и додека научат, да откријат неколку трикови кои ќе им помогнат да го привлечат вниманието на бебето од процесот и што побргу  да завршат со овој дел од негата.

    Во секое време држете ја едната рака на бебето и бидете сигурни дека неопходните предмети ви се на дофат. Во ниеден момент не го оставајте само и не заборавајте да подготвите се што ви треба за нега и менување на пелени пред да започнете со овој процес.

    Бидете многу брзи. Иако овој совет се чини малку нереално, особено на неискусните мајки, важно е дека веднаш штом ќе започнете со на менување на пелени, брзо да ја совладате оваа вештина. Затоа, исто така е важен дел од претходниот совет да се подготви сè порано – близу да е се што ви е потребно.

    Секогаш имајте на масата за промена или на креветот нешто што ќе го одвлече вниманието на вашето бебе и ќе го спречи тоа да се превртува или плаче. Поставете во висина на неговото раче нешто што ќе го интересира и што ќе го дофати и заигра со него. Исто така ќе помогне ако огледалото е близу или нешто што ќе го привлече вниманието на вашето малечко.

    Но сè што може да ви треба вам поставете го подалеку од дофат на бебето. Затоа што ако тоа ја дофати кремата или пудрата во прав може се да истури и тоа ќе биде многу повеќе работа, процесот на менување на пелени ќе трае подолго, бидејќи ќе треба да се исчисти нередот.