• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Тримесечно бебе
Тримесечно бебе

Тримесечно бебе

Тримесечно бебе

При крај на вториот месец, бебето станува активно, се повеќе будно и почнува да биде заинтересирано за околината.

Кога е исхраната во прашање, и понатаму се препорачува исклучиво доење, со додаток на витамин Д. Доколку докторот на систематски преглед е задоволен од напредувањето на бебето, не треба ништо да се менува. Но доколку бебето не добива доволно на тежина, се препорачува дохрана со адаптирана млечна формула.

Доколку вашето бебе се буди во текот на ноќта на секои два часа и бара храна, сигурно сакате да го удоволите вашето бебе, но таквиот ритам исцрпува. Бидете сигурни дека на вашето бебе, доколку добро напредува сосема му е доволно само еднаш во текот на ноќта да јаде. Тоа направете го постепено, на тој начин што нема да нудите храна на детето веднаш штом се разбуди. Потрудете се малку да го забавувате детето за да продолжи да спие. Најдобро би било воопшто да не го вадите детето од креветче, наместо тоа дајте некоја музичка играчка или нешто запејте. После неколку дена, бебето ќе се навикне.

Доколку бебето сепак е гладно, потрудетет се да го зголемите последниот оброк пред спиење. Понекогаш бебето за неколку дена ќе направи и непрекинато 6 часовно спиење, а во ноќта ќе се буди на два-три часа.

Внимавајте периодот на долг сон да го подесите на тој начин што, кога ќе падне ноќта, а не денот (на пример, бањајте го бебето колку можете подоцна и добро нахранете го пред бањање), Немојте да го успиете бебето на дојка нити пак со шише млеко, бидејќи така ќе се направи лоша навика. Доколку заспие во текот на хранењето, пробудете го со што би се завршил оброкот и пробајте да го ставите во креветче. Доколку плаче, пуштете тивка музика или зборувајте додека не заспие. На овој начин полесно ќе се одвои од вас. Во случај детето упорно да плаче или пак бара за цица, посоветувајте се со педијатар.

Немојте по секоја цена да инсистирате бебето во третиот месец да спие во текот на цела вечер. Некои бебиња навистина тоа и го прават (воглавно оние кои се хранат со шише), но поголемиот дел од нив сеуште не. Инаку, ова е една и единствена и тоа привремена предност за исхрана со помош на шише, па дури и кога се дава мајчиното млеко. Недостатоците се бројни, но шишето не треба да се замени со ноќно хранење само поради личен комфорт. Исто така не се препорачува во текот на ноќта храната да се замени со вода, бидејќи тоа е сосема непотребен. Водата на бебето се дава само доколку е дехидрирано и ако е на вештачка исхрана (доволно е во текот на денот, во текот на ноќта не треба да се дава вода).