• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Трудници, не јадете за двајца!
Трудници

Трудници, не јадете за двајца!

До пред триесет години, жените кои беа бремени, носеа исклучиво широки труднички фустани налик на шаторски крила и гордo се шетаа со својот стомак и своите вишок на килограми. Трудни, здрави, убави и дебелки, пу, пу, пу, велеа кога ќе поминеа негде.

До пред 15-20 години трудниците носеа во главно трегери од тексас, тенок памук, широки ногавици, со каиши кои им овозможуваа да го сместат својот стомак и своите вишок килограми.

Трудни, здрави, убави и дебелки, пу, пу, пу, велеа кога ќе поминеа негде, повторно. Но докторите некако во тоа време почнаа да ги опоменуваат поради прекумерната тежина која ја качуваа.  

Денешните трудници пак одат во друга крајност… се изгладнуваат со цел до крај на бременоста да можат да носат мини сукњи и кратки фустани, бидејќи здебелувањето во бременоста не е здраво, но секако е со цел да се каже за нив дека се “ Трудни, здрави, убави и згодни, пу, пу, пу”!

 

bremenost, zena, majka, ishrana, babyshop, бременост,жена, мајка, исхрана

Каде се крие златната средина и вистина?

Ставот за трудниците дека треба да јадат за двајца веќе долго време никој не го застапува, освен ретки жени кои решиле дека барем во тие 9 месеци ќе се задоволат себеси и ќе уживаат во секоја храна без задршка.

И гинеколозите и нутриционистите велат дека не треба да дојде до прејадување, без разлика на зголемената желба за јадење. Кога ќе дознаете дека сте трудна, внесот на калории треба да ви биде зголемен само на 200 плус калории дневно, а ако носите близначиња на 400. Се останато се смета за преголем внес на калории и има негативни последици како по вашето здравје, така и по здравјето на вашиот плод.  

Препорачлива доза за внес на калории не треба да премине преку 2250 калории, иако и тоа зависи од здравствената ситуација, телесна тежина и актовноста на трудницата. Дневна енергетска потреба за жената да ја одржи бременоста која подразбира строго мирување, внесот на калории треба да изнесува 2000 калории.

Идните мајки треба да знаат дека зголемувањето на телесната тежина за лекарите е најважен критериум за здрава бременост, а секоја трудница која ќе се здебели помеѓу 10 и 14 килограми не треба да се оптеретува со вишокот килограми која ги ставила. Се смета дека нормална килажа која треба да се качи во првото тримесечје е 3 килограми, а во другиот до шест. Се после тоа може да ја загрози и бременоста и плодот.

Кај покрупните жени се почесто се случува да имаат царски рез, а исто така е многу потешка припремата за епудурална анестезија. Иако пациентите во главно очекуваат олеснато доење, поради масното ткиво кое доминира и во дојките, тие често имаат проблеми со хранење на бебето.

За да го избегнете прекумерното дебелење во бременоста, многу е важно да ги планирате оброците и внимателно да ги бирате намирниците. Заменете ја калоричната храна и масните намирници со полесни, користете интергрални тестенини и леб, внесете во исхраната што повеќе свежо овошје и зеленчук, посно месо и пијте повеќе вода. Избегнувајте слатки, шеќери и индустриски преработена храна.

Физичката активност во овој период и тоа како е важна, можете да правите се што сте правеле и претходно но само со помал интензитет. Сето ова ќе придонесе за полесен пораѓај.

Инаку, зголемената тежина во бременоста може да доведе до гестациски дијабетис, компликации во текот на пораѓајот и потешко опоравување од царски рез, постпородилна депресија и зголемено крварење.