• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Убавите страни на доењето
Убавите страни на доењето

Убавите страни на доењето

Доењето е природен начин за хранење на секое новороденче. Мајчиното млеко е најдобрата храна за бебето. Телото на жената е креирано да создава млеко во моментот на раѓање и да ги задоволите потребите на бебето, прилагодувајќи се на барањата и растот на бебето. Во првите 6 месеци мајчиното млеко е единствена храна за бебето, после тоа потребно е да храната да се збогати со други намирници, но мајчиното млеко и понатаму е основа во исхраната на доенчето.

Мајчиното млеко – хумано млеко е комплексна жива хранлива течност која содржи антитела, ензими, хормомни и други бројни состојки кои се важни за развојот и здравјето на бебето.

Хуманото млеко, денес се дефинира како биолошки систем и се смета како медицински ресурс.

Мајчиното млеко нема замена. Доењето и мајчиното млеко претставуваат нормативен стандард во хранењето и исхраната на доенчињата. Мајчиното млеко не секогаш е од ист состав, тоа се менува во текот на созревањето на бебето во текот на денот.

Колострум- е млекото кое се лачи првите неколку дена по породувањет. Содржи поголем број на протеини и со тоа повеќе одбрамбени материи од зрелото мајчино млеко, поради тоа е посебно важно за новородените бебиња. По изгледот млекото е густо, лепливо и бистро до жолтеста боја. Колострумот е совршена прва храна за ноороденчето и содржи голем број на витамин А од зрелото млеко. Содржи имуноглобин и на новороденчето му обезбедува заштита од инфекција, така што ова е првата имунизација против многу бактерии и вируси. Колострумот со своето лаксативно дејство, помага на новороденчето да го елиминира првиот измет.

Доењето е вештина

Некои мајки, дојат од самиот почеток и им иде од рака, други мораат да ги совладаат препреките, да научат како бебето правилно се поставува на дојката. Важно е да знаете дека доењето е вештина која може да се научи, само е потребно малку вежбање, многу трпение и добра поддршка од професионални лица и фамилијарна средина, а кога ќе стане рутина тогаш е вистинско уживање и задоволство.

Позитивните страни на доењето.

Со доењето се развива однос помеѓу бебето и мајката, што за детето значи љубов, близина, топлина.

Млекото влијае врз развојот на мозокот. Бебето полесно го вари мајчиното млеко за разлика од адаптираното, па затоа имаат помалку грчеви и поретко се јавува дијареа или опстипација.

Доењето го намалува ризикот од воспаление на уво, а подоцна заштитува од болести на срцето и крвните садови, шеќерна болест и алергија. Доењето на децата имаат помал ризик од прекумерна тежина.

Доењето допринесува и кај мајката. Хормоните со доењето потпомагаат во регенерација на матката, со што се намалува опасност од крварење по породувањето. Доењето го намалува и ризиокт од остеопороза, анемија како и рак на дојка.

И за крај, што никако не може да се занемари, доењето го растеретува домашниот буџет.