ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Убод од инсекти
    Убод од инсекти

    Убод од инсекти

    Колку е опасен убодот од инсекти

    Ризикот од убод или гризење од инсект зависи од тоа кој инсект е. Алергиските реакции предизвикани од убоди од инсекти се меѓу најтешките алергиски манифестации кои се јавуваат како последица на хиперсензитивност на отровите воведени преку трн. Така, пчелата преку убодот го остава трнот под кожата, и тој постепено се ослободува.
    Затоа е неопходно да се отстрани трнот што побргу. Осата и стршленот не го оставаат трнот, но можат да ги прободат неколку пати, а нивните отрови содржат хемиски активни супстанции, па реакциите се уште поизразени.

    Како можете да препознаете дека тоа е убод од инсекти?

    Извадете го со пинцета трнот и поставете ладни облоги или мраз.
    Ако детето го убоди или го гризне инсект, обично ќе почне да плаче и да го покажува болното место. Кожата ќе се зацрвени или отече, што е резултат на реакција на убод или гризење. Понекогаш можат да се појават сериозни реакции како што се осип, повраќање, дијареа, тешкотии при дишењето. При тоа треба веднаш да го контактирате лекарот. Ако забележите трн на болното место, треба веднаш да го отстраните.

    Како да се заштити детето од убод од инсекти?

    За да го заштитите вашето дете од убод или гризење на инсект додека сте во природа, треба да го облечете во светли бои. Избегнувајте силни сапуни, детергенти и омекнувачи, бидејќи мирисите привлекуваат некои инсекти. Не дозволувајте детето да оди босо, и да бидете пособено внимателни ако пие сок од шишето, бидејќи слаткото ги привлекува инсекти.

    Што треба да направите ако детето го убоде инсект?

    Ако, пак, детето го убоде инсект, треба да го направите следново:
    • Отстранете го со пинцета трнот, без премачкувања со масла, алхохол..
    • Исплакнете го местото на прободување со вода, ставете ладни облоги или мраз
    • Ако имате потешки алергиски реакции или температура, посетете го докторот

    Ако реакцијата на убодот или гризење на инсектот е посилна, лекарот, најверојатно, ќе  препише антихистамин или сируп за да ја намали болката и температурата, доколку е потребно. Ако убодот е близу устата, вашето дете треба да се транспортира до првата здравствена установа за соодветно лекување.

    Колку е опасно за детето гризење од крлеж?

    Каснувањето на крлежот е потешко од убоди или каснувања на други инсекти, бидејќи тие можат да бидат преносливци на бактеријата Borelia burgdorferi предизвикувајќи Лајмска болест. Затоа, додека престојувате во природа со бебето, избегнувајте ги нерамните тревни површини.

    Облечете го во облека со долги ракави и светли бои, и по прошетката, погледнете го во детали. Обрнете посебно внимание на косата, бидејќи крлежот може да падне од дрвото.

    Што треба да направам во случај на касање од крлеж?

    Ако најдете крлежи на кожата на детето, најдобро е да побарате стручна помош од доктор. Ако ова не е можно, мора да го отстраните инсектот од кожата на детето на следниот начин:

    • зграпчувајте ги крлежите со пинцета директно на кожата, без масло, алкохол или ацетон, бидејќи тоа само ќе предизвика да стане повеќе иритирачки за да влезете во телото
    • Без притискања, свртете го обратно од стрелките на часовникот и извлечете го
    • Дезинфицирајте го местото и проверете дали останал дел

    Без оглед на тоа дали успешно сте ги извадиле крлежите или не, обавезно мора да го одведете детето на лекар.