ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Учење низ игра
    Учење низ игра

    Учење низ игра

    Најдобрата подготовка за живот е ако му дозволите на детето во првите години да игра доволно, затоа што играњето значи учење. Децата учат низ играта цел ден, било со помош на нивните тела, разни играчки, материјали или преку играње со други деца.

     

    Слух

     

    Детето станува свесно за неговата околина преку увото, окото, носот, устата, раката, нозете и преку кожата. Тоа си игра со прстите и нозете, зграпчува сè што може да постигне, и го става во устата. На овој начин, учи како може нешто да звучи, изгледа, мириса, каков вкус има , опипувајки ги работатите ги чувствува и ги разликува.

     

    Премногу надразнувања

     

    Малите деца се уморуваат брзо. Затоа, обрнете внимание на сигналите како што се: триење на очите, гледање на страна или промена на погледот, немир, плачење … На детето му треба поттик, но исто така и многу време, за да може да се забавува со нешто и да ја напушти својата “работа”.

     

    Телевизија

     

    Телевизијата е штетна за малите деца. Вашето бебе е преоптоварено со впечатоци. Овие впечатоци не можат да ги преработат децата, а камоли да научат нешто од нив.

     

    Играчки

     

    Бебињата имаат потреба од само неколку играчки, како музичка кутија, кукла од ткаенина, пелена од ткаенина и дрвни животни. Првично, важно е играчките да имаат непроменлива боја, да не се кревки, кршливи, шилести, да може да се следат и да не се премногу мали, бидејќи бебињата се испитуваат со ставање на нештата во устата.

    Играчки кои не чинат ништо

     

    Ставање во нешто, извлекување од нешто, фрлање  предмети и одење по нив, криење и барање, се игри кои доаѓаат подоцна. За овој тип на игра, многу погодни предмети се оние што се користат во домаќинството, како што се дозери, кутии, садови и дрвени лажици. Вашето дете ќе има се повеќе и повеќе интерес за вашата работа. На пример, тие со задоволство ќе се справат со лажици и тави.

     

    Други деца

     

    Речиси многу мали деца бараат друштво од други деца, со цел да  соберат искуства во играта заедно. Гледајте на   вашето дете од мало да му овозмоите д биде во друштво  со другите деца.