
Учиме да седиме
Откријте на кој начин можете да му помогнете на вашето бебе да ја совлада оваа многу важна вештина.
Се сеќавата кога вашето бебе прв пат се насмеа? Сигурно после тоа ги делеше своите насмевки на сите во околината. Слично е и со вртењето, стана мал професионалец во вртење. Зошто тогаш му се потребни месеци да научи нешто толку едноставно како што е седењето?
Да научи да седи воопшто не е едноставно и бебето мора да помине многу развојни фази пред да може да го стори истото. Во телото на бебето од првиот ден се развиват голем број на мускули и вештини потребни за самостојно да може да седи. Бебето уште во четвртиот месец ќе биде во состојба дасе подигне само ако некој му помогне, тоа не може да се смета како седење. Самостојното седење е многу покомплицирано и треба да се вложи повеќе труд, треба добро развиено чувство за координација, силни мускули, добро држење на главата, спремност за која се потребни повеќе месеци.
Игри за побрзо совладување на вештината седење
Веслање
Ставете го бебето на грб, пејте му ја песната “веслај, веслај, чамец” и држејќи го за рацете полека повлечете го нагоре, за да завземе седечка положба. Ова ќе му ги зајакне мускулите на телото и ќе му овозможи да почувствува како изгледа да се најде во седечка положба. За ваква вежба потребно е добро да ја контролира положбата на главата и затоа прво треба да проверите дали бебето е во состојба стабилно да ја држи главата во линија со грбот.
Посветете внимание. Ако после одредено време главата почне да му паѓа напред или назад, престанете со вежбата-затоа што тоа е знак дека мускулите му се уморни. Многу е важно во текот на вежбањето бебето да го спуштите потполно да лежи (за да се одмори), наместо да го држите во седечка положба лулајќи го напред назад.
Балончиња
Со перници обезбедете му на бебето сигурност додека седи и дувајте ги балончињата околу неговата глава. Тоа ќе го поттикне на најразлични движења, со што ќе ги зајакне мускулите на телото и ќе вежба координација на движење, додека пробува да фати некое балонче со желба да го пукне со прстињата.
Твист
Ставете перница во помала корпа за алишта (така што кога бебето ќе седне главата и рацете да му бидат надвор од корпата), и закачете ги играчките да висат по ивицата на корпата. Седнете на под, ставете ја корпата меѓу нозе (да не се преврти), па ставете го бебето во удобна седечка положба. Гледајте го додека “игра твист” пробувајќи да дофати една од играчките кои висат. Ова е одлична вежба за развивање на координација и рамнотежа.
Гледај го моето лице
Кога бебето ќе ја совлада вештината на седење, ставете пред него огледало и движете го од една на друга страна. Бебето ќе биде многу мотивирано да гледа во ликот на бебето кое го гледа во огледалото и заинтересирано ќе ја движи главата и телото, што е одлична вежба за развивање на чувството за рамнотежа.
Наоружано и спремно
Секогаш кога ќе го ставите бебето во седечка положба погалете го, бацете го и покажете му дека сте горди на него. Ова е најдобар начин да го мотивирате и тоа секој следен пат со нетрпение ќе посака да завземе седечка положба, за да ја добие целата љубов од вас.
Нови чувства
Пејте му на бебето или рецитирајте, со тоа ќе го поттикнете да се движи. Бебето штом ќе ги слушне познатите стихови и штом ќе ги види вашите движења и самото ќе почне да се движи и ќе проба да ве имитира. Кога ќе пеете смислете и кореографија која ќе вклучи допирање на бебето и движење на рацете и нозете-така ќе можете заедно да се забавувате и да вежбате.
Балансирање
Додека вашето бебе седи опкружено со перници, дајте му некоја стимулативна играчка (како сензорно шише), која ќе го поттикне да се движи и така да вежба одржување на рамнотежа.
Питстоп
Наполнете ја оградичката со пластични топчиња и пуштете го бебето да се валка по нив. Ова е одлична вежба, топчињата даваат одлична поддршка и потикнуваат на движење затоа што бебињата многу ги сакаат.
Движење
Не се грижете ако вашето бебе е нестабилно додека седи-тоа движење е добро за него. Секој пат кога телото е нестабилно, мозокот добива информации за губење на рамнотежата и веднаш пробува да прати одговор и предизвикува движење, благодарејќи на тоа се враќа рамнотежата. Значи секое движење и бранување во текот на седењето е знак дека бебето е многу зафатено и дека се труди да ги совлада вештините кои се потребни за конечно да успее правилно да седи.
.