• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Упатство за користење на крема за сончање.
Упатство за користење на крема за сончање.

Упатство за користење на крема за сончање.

Упатство за користење на крема за сончање.

Најдобрите стручни лица во светот за здравје на кожата и превенција за рак на кожа, советуваат како правилно да ја нанесете кремата за сончање и кои навики мора да ги создадете и примените со што би го избегнале меланомот на кожа.

Заштитата од сонце е клуч за превенција на рак на кожата, тврдат американските научници. Околу 90% од бенигните тумори на кожата и 65% од меланомите се поврзани со UV радијација.

За заштита на кожата стручните чица произведуваат широк спектар на производи со SPF од 30 или пак поголема заштита, за поголемо изложување на сонце со напопмена дека SPF преку 50 не е поефикасен од SPF 30.

SPF (фактор за заштита од сонце) е всушност заштита од ултравиолетови зраци B (UVB) зрачења, кој е главна причина за изгореници на сонце и предизвикувачи на ракот. Кремите за сончање имаат широк спектар и штитат од UVA зраците, кои допридонесуваат и на старењето и болестите на кожата.

Правилно користење на крема за сончање:
Без разлика за каков тип на крема користите, Американсаката академија ги дава следните препораки:

–          Изберете крема за сончање која има SPF 30 или поголем фактор, водоотпорна е и обезбедува покривање на широк спектар на UVA и UVB зраците.

–          Нанесете крема за сончање со дебел слој на кожата 15 минути пред да бидете изложени на сонце.

–          Нанесете доволно количина-на возрасните доволно е околу 30 грама крема за сончање, тоа е количина со која можете да го прекриете цело тело.

–          Сетете се на вратот, лицето и ушите, па дури и на врвовите на прстите на нозете. Доколку имате ретка коса, нанесете крема и на скалпот или носете шешир со широка заштита. Користете балаза за усни со минимум 15 SPF.

–          Повторно нанесете крема на најмалку два часа или веднаш штом излезете од вода. Луѓето кои добиваат изгореници најчесто не користат доволно крема за сончање, не ја наносуваат кремата повторно или пак користат крема на кој и е истечен рокот.

Дополнителна заштита од сонце:
Сонцето е најсилно помеѓу 10 пред пладне и 16:00 часот попладне. Американската фондација за рано откривање на ракот на кожа препорачува во тој период да седите на ладовина и сенка и да носите облека која ќе ве заштити, како и шешир со широка заштита и наочари со стакло кое штити од UV зраци.

Се препорачува и носење на костим за капење и облека за плажа која е направена од влакна кои штитат од сонце, а можете и само да облечете бела обична памучна маица со кратки ракави преку костимот за капење, кој ќе ви заштети пари за кушување на крема за сончање (за пола).

Луѓето мораат да имаат здрави навики кога е во прашање сончањето, а кремата за сончање е само еден дел од таа навика.

Најдобрата крема за сончање е онаа која сакате да ја ставите на вашата кожа, се додека на неа пишува минимум 30 SPF, a е отпорна на вода и е со широк спектар.