УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА
Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Р.С. Македонија само на лицето со својство на Купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како преземач на нарачката од страна на Купувачот.
Испораката се наплаќа 150 денари, без оглед на висинита на износот на нарачката, а преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување валиден документ за лична идентификација.
Испораката на нарачките ќе се врши преку доставната фирма– партнер за логистика на БЕЈБИШОП ОНЛАЈН ДООЕЛ – Скопје за овој вид испораки.
Партнер за логистика на БЕЈБИШОП ОНЛАЈН ДООЕЛ – Скопје за овој вид испораки, има обврска да го контактира Купувачот за да се договори точното време на испорака во рок од 3-5 работни дена по извршената онлајн нарачка.
Доколку доставувачот – овластеното лице на партнерот за логистика на БЕЈБИШОП ОНЛАЈН ДООЕЛ – Скопје за овој вид испораки не успее да го најде Купувачот или наведеното лице за прием на нарачката на наведената адреса за испорака, ќе биде оставена писмена информација до испраќачот за направен обид за испорака и информации за контакт, каде што Купувачот е должен да се јави во рок од 2 работни дена, со цел повторно да се договори термин за испорака на нарачката на адресата на Купувачот.
Доколку Купувачот не се јави во продолжениот рок од 2 дена, БЕЈБИШОП ОНЛАЈН ДООЕЛ – Скопје има потполно право да го задржи производот и/или услугата,а парите не ги враќаме назад.
Доколку производот кој сте го купиле, не е ист како што е прикажан на веб страна или пак е оштетен, веднаш јавете се на 070260101 или испратете маил на info@babyshop.mk со слики од оштетувањето или проблемот со производот. Производот ќе ви биде заменет или ќе Ви бидат вратени пари за истиот.
Доколу платите со картичка добивате автомацка потврда на вашиот е-маил, доколку одверете опција да платите во готово при достава, тогаш добивате фискална сметка за купениот производ.