ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Вака растат среќни деца
    Вака растат среќни деца

    Вака растат среќни деца

    Постојат неколку докажани правила на оваа тема

    Родителите често се прашуваат дали се што прават го прават на најдобар начин и дали можат да се потрудат повеќе за нивните деца да растат среќно и здраво.

    Но, “тајната” на доброто родителство е многу едноставна: посветете се на децата, но и научете ги на правите вредности и не заборавајте го најважното – децата го прават она што гледаат дека и Вие го правите, а не она што им кажувате дека треба да го прават.

    “Hafington post“ изнесува неколку објаснувања за кои науката докажа дека позитивно влијаат на развојот и на растењето на децата.

     

    Работете

    Мајките често имаат дилема дали да се вратат на работа после породувањето, ако тоа можат да си го дозволат, нормално. Сепак истражувањата покажаа дека девојчињата чии мајки подоцна работеле имале поуспешни кариери и подобро се снаоѓале во работата од оние чии мајки биле домаќинки. Од друга страна момчињата чии мајки подоцна работеле, на повозрасни години биле поспремни да се посветат на фамилијата. Освен тоа ако двајцата родители работат, фамилијата е финансиски постабилна, има помалку нервози и децата растат посреќно.

     

    Натерајте ги децата да одат во кревет порано

    Раното одење во кревет на спиење за децата значи подобро емотивно и ментално здравје, а освен тоа – децата кои убаво се наспиени се подобро расположени и спремни за игра во секој момент.

     

    Кога си играте – играјте си без мобилен телефон

    Кога поминувате време со децата, мобилните телефони, пораките, мејловите…можат и мораат да почекаат. Ако телефонот Ви е во раце цело време, дури и додека шетате или си играте со децата, Вие не им сте посветени целосно. Децата тоа го чувствуваат и стануваат нервозни и непослушни и на крајот ќе влезете во кавга наместо да уживате во времето поминато заедно. Зошто да пропуштите драгоцени моменти во растењето на своите деца заради туѓите фотографии на инстаграм?

    Пејте, читајте, разговарајте

    Дури и ако немате слух – пејте. Истражувањата покажаа дека пеењето на децата во раното детство има значајно влијание на блискоста помеѓу родителите и децата, а помалите деца пеењето многу брзо ќе ги смири ако се нервозни и вознемирени. Освен тоа, децата кои растат со читање и пеење, со топлината на мајчиниот глас, растат во луѓе кои ќе имаат поголема сигурност во себе.

     

    Бидете физички активни

    Прво, децата кои ќе се уморат во текот на денот навечер побрзо заспиваат, а второ, истражувањата покажаа дека децата кои растеле поминувајќи време надвор со своите родители, во парк или во двор, трчајќи по топка или играјќи се криенка од мали нозе, подоцна го копираат однесувањето на родителите и на зрела возраст се физички многу поактивни луѓе од оние на кои им било поважно детето да биде чисто, испеглано и без изгребани колена.