ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Вашата 30 недела од бременоста
    Вашата 30 недела од бременоста

    Вашата 30 недела од бременоста

    Овие денови, се чувствувате малку уморни … Не е ни чудо, бидејќи не можете да спиете во секое време, бидејќи не можете удобно да се наместите. Можеби брзо ќе се  задишите кога одите подолго или побрзо и може да почнете и да се чувствувате тешко. Ако имате впечаток дека сте малку трапави – не очајувајте. Ова не е само поради тежината, туку и поради центарот на рамнотежата што – поради хормоните – не е избалансиран.

    Развој на бебето

    Вашето бебе има повеќе коса на главата!

    На бебињата им растат ноктите на рацете и нозете. Износот на масното ткиво под кожата е исто така зголемен и детето почнува забрзано  да добива на тежина. Тоа сега почнува да ја завзема вистинската позиција на “бебе во стомакот” – со прекрстени раце и нозе. Забрзаниот раст на мозокот продолжува и се зголемува големината на главата, бидејќи поголемиот мозок го формира черепот. Црнката е обоена и зеницата реагира на светлината. Косата на главата ја има се повеќе и повеќе. Тежината на бебето е околу 1320 гр, а должината е околу 40 см.

    Забелешка: секое дете се развива индивидуално во стомакот на мајката.

    Совет за оваа недела

    Ако почнете да страдате од несоница, пијте топло млеко пред ноќно спиење или истуширајте се со топла вода, но не се капете во топли бањи! Можно е и техниките за релаксација да ви помогнат да спиете подобро, а исто така ќе ја намалите напнатоста и вознемиреноста што ја чувствувате. 

    Постојат два вида релаксација – физичка и ментална. За физичко релаксирање, ставете се во удобна положба и потполно  поддржете ги телото – најдобро е да се наместите на  удобни перници. Затворете ги очите и концентрирајте се на опуштањето на секој поединечен дел од телото. Започнете со прстите на нозете и одете нагоре, завршувајќи со главата. Кога ќе завршите, треба да се чувствувате убаво и целосно опуштено. 

    Кога ќе се опуштите физички, преминете на ментална релаксација. Тоа бара многу концентрација за тоа и ќе ви треба малку тивко место, каде што никој нема да ве вознемири. Опуштете се и концентрирајте се на дишењето – длабоко дишете и држете го здивот неколку секунди, полека намалувајте го. Кога ќе се навикнете на таков здив, опуштете ги мускулите и предајте се на прекрасните мисли.