ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Вашата 31-ва недела од бременоста
    Вашата 31-ва недела од бременоста

    Вашата 31-ва недела од бременоста

    Како што коските на бебето стануваат потврди, потребите од калциум се зголемуваат. Но, исто така, и потребите за железо, протеини и фолна киселина. 

    Развој на бебето

    Растот полека се забавува, но мозокот продолжува брзо да се развива. Зреењето на нервните клетки и нивните завршетоци е завршено и бебето може да го почувствува допирот и болката. Пробајте благо да го турнете- тоа ќе реагира со движење на допир. Единствениот орган кој сè уште треба да се развива се белите дробови. Најголем проблем со недоносените бебиња се неразвиените бели дробови.

    Ако можноста за предвремено раѓање е откриена во време, на бебето може да му се помогне со кортикостероид, лек кој може да го забрза созревањето на овој важен орган. Ако бебето е момче, тестисите почнуваат полека да се спуштаат во скротумот. Должината на бебето е околу 40 см и тежината е околу 1400 гр.

    Забелешка: секое дете се развива индивидуално во стомакот на мајката.

    Совет за оваа недела

    Ако носите две или повеќе бебиња, полека треба да ги подготвувате вашите торби за породување. Можно е да  почнете да ги чувствувате се повеќе Braxton-Hicks – лажни контракции кои не се болни, но не се особено пријатни. Тие траат од 30 до 60 секунди, не се ритмички избалансирани и повремено се појавуваат.

    Чувајте ги матичните клетки на вашето дете

    Дали знаевте дека матичните клетки од папочната врвка денес претставуваат вистинско биолошко богатство? Тие имаат огромен потенцијал во иднина, а на вас е мудро да ги икористите. Остануваат уште два месеци, па донесете одлука навреме и обезбедете безбедна иднина за вашето мало.