ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Вашето бебе на 6 месечна возраст
    Вашето бебе на 6 месечна возраст

    Вашето бебе на 6 месечна возраст

    Вашето бебе оваа недела

    Вашето бебе сега може да се преврти од една на друга страна, така што од сега менувањето на пелени носи вистински предизвик за родителите и за бебињата и претставува неверојатна забава. Мотивот да се сврти кон страната може да биде играчка или само вие. Всушност, бебето се движи и ги зајакнува мускулите. Немојте да му ја скратите оваа забава. Дајте му доволно простор и поттик, и НИКОГАШ не го оставајте САМО вашето дете на масата за пресоблекувањње за да се преврти!

    Вашиот живот: Купување или правење каша?

    Купување храна за бебиња или правење на нив дома – секоја мајка ја доживува оваа дилема барем еднаш за време на воведувањето на цврста храна. Има мајки кои сметаат дека  најздраво и најбезбедно е кога прават сами каши во својата кујна, додека други мајки тврдат дека не постои ништо поудобно и поедноставно од купечките. Меѓутоа, повеќето родители  и готват и купуваат храна за нивното бебе. 

    На што треба да обрнете внимание кога купувате каши?

    Ако купувате храна, треба да ги прочитате етикетите: немојте да купувате каши доколку содржат вештачки бои и ароми, конзерванси, шеќер, сируп од пченка, модифициран јастиви скроб, натриум глутамат. Ако можете, купувајте каши  направени од органска, природна храна. Многу е важно да го почитувате рокот на траење на кашата – ако не се употребува на време – не заборавајте да ја фрлите храната.

    На што треба да обрнам внимание кога подготвувам храна за бебиња?

    Кога подготвувате храна дома, внимавајте да избегнете хемиски контаминирани состојки.

    Прашајте на пазарот дали овошјето и зеленчукот се попрскуваат и купете она што е сезонско, бидејќи веројатно содржи помалку хемикалии и љупете го и мијте го овошјето и зеленчукот. Исто така, изберете месо кое е подигнато без хемикалии и антибиотици – најдобро е да се купи од мал производител од село чија стока е под ветеринарна контрола.

    За време на готвењето, проверете дали опремата е совршено чиста. Гответе храна без додавање на шеќер, сол и други адитиви. Храната што вашето бебе не ја јаде може да се чува во фрижидер до 24 часа.

    Совет за оваа недела

    За бебето да развие големи моторни вештини, како што се седење, лазење, одење, треба да правите вежби. Додека бебето лежи, вежбајте ги нозете на алтернативен начин. Додека со потколениците, наизменично свиткувајте ги пуштајте така што ги зајакнувате мускулите на нозете, и се зголемува подвижноста на карлицата и колената. За да се зголеми мобилноста на зглобовите, неопходно е да кружите со нозете. Раширете ги нозете , па соберете ги и ред други вежби кои ви ги препорачал ортопедот.