ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Вашата 17-та недела од бременоста
    Вашата 17-та недела од бременоста

    Вашата 17-та недела од бременоста

    Вашата бременост

    Како стомакот ви се зголемува, се потешко ви е да се наместите пред да легнете да спиете. Додека не се навикнете да ја  заземете “задолжителната положба”, пробајте да спиете на малку повисока перница.

    Навикнувајте се да не спиете на грб, бидејќи како се зголемува матката -се е поголем притисокот на крвните садови. Ќе ви биде полесно ако легнете на страна и помеѓу колената да ставите перница. Обавезно пред спиење испразнете ја бешиката. Немојте да се плашите ако ви се врти во глава кога ќе станете од лежечка положба или од седечка положба. Тоа е нормално, вртоглавица добивате поради тоа што кардиоваскуларниот систем не реагира доволно брзо на промена на положбата. Матката сега ви е скоро до папокот.

    Развивање на бебето

    На бебето сега му се развиваат ушите, тоа станува осетливо на звуци. Бебето го слуша вашето срце. Очите сега се со вперен поглед сосема напред. Ако бебето е момче, почнува да му се развива простатата. Коските ја продолжуваат осификацијата а се развиваат и јагодиците на прстите. Кожата на фетусот е прозирна-има многу малку поткожно масно ткиво. Должината на бебето е 12см а тежината околу 140 грама.

    Напомена: секое бебе се развива индивидуално во стомакот на мајката.

    Совет за оваа недела од бременоста

    Воспоставете контакт со бебето. Сигурно веќе сте ги осетиле неговите движења и веќе сте сосема сигурни дека бебето е тука- во вашиот стомак! Зборувајте му, пејте, пуштајте музика…. почнете со смислувате име за бебето-распрашајте се како кој се викал во смејството, барајте во книги, смислувајте комбинации на имиња за момче и за девојче.