Вашата 40-та недела од бременоста
Еден од знаците дека породувањето е многу близу е излегувањето на слузниот чеп. Кога ќе дојде до првите знаци на породување – правилни, силни контракции или истекување на плодовата вода, земете ги работите кои однапред ви се припремени и тргнете кон болница.
Не морате силно да брзате, затоа што бебето нема да излезе после неколку контракции. Сосема сигурно имате време да стигнете во болница и таму да ве сместат.
Развој на бебето
Бебето е спремно да излезе во надворешниот свет и во најчест број на случаи, тоа ќе го направи со главичката. Значи на детето прво му излегува главата, па потоа телото. Многу ретко бебето излегува со газето и во тој случај е потребно да се направи договор со лекарот за начинот на породување.
Воглавно , сега на бебето веќе нема верникс – сирест намаз, а 15% телото го чини масно ткиво. Просечно бебе има околу 3500 грама и малку преку 50 сантиметри.
Напомена: Секое бебе индивидуално се развива во стомакот на мајката
Совет за оваа недела
Повремените контракции стануваат посилни и поправилни. Сега веќе ви е веројатно доста од бременоста и чекате да се запознаете со своето бебе. Оваа недела ќе биде сигурно една од најдолгите во текот на бременоста. Не заборавајте дека терминот кој е одреден на основа на првиот ден од последната менструација е само – веројатниот термин на породувањето, а секое бебе само одлучува кога треба да излезе.
Бебето значи не треба да го брзате и да се загрижувате зошто не излезе баш тогаш кога ние сме го замислиле тоа. Само околу 5% од бебињата се раѓаат во терминот. Бременоста станува посттерминска после 42 гестациски недели, а дури и ако тоа се случи, секогаш постои можност за индукциско породување.