ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Вашата коса во бременоста
    Вашата коса во бременоста

    Вашата коса во бременоста

    Постојат многу совети што треба и што не треба да правите со косата во текот на бременоста, кои се однесуваат на работи како што е бојадисувањето на косата или не и слично. Факт е дека во текот на бременоста и дури и после породувањето постојат некои вообичаени промени на косата.

    Благодарејќи на хормоните поврзани со бременоста може да дојде до тоа косата побрзо да расте и помалку да опаѓа во текот на тој период.

    Дали е вообичаено после бременоста да се изгуби многу коса?

    Се утврди дека зголемената количина на коса, која сте ја стекнале во текот на бременоста, не останува засекогаш. После три месеци од породувањето, голем број на жени пријавуваат значаен губиток на косата, до кој доаѓа изненадно и брзо. Нема потреба за паника. Оваа појава се јавува кај 40-50% од жените кои се породиле. Добрата вест е дека не се работи за трајно губење на косата и дека после неколку месеци доаѓа до нејзино опоравување.

    Дали бојадисувањето на косата е безбедно во бременоста?

    Иако нема студија на оваа тема во пракса не се препорачува бојадисување на косата во текот на првиот триместар од бременоста.

    Можете ли да го предвидите полот на детето на основа на текстурата на косата во текот на бременоста?

    Без оглед на бабините приказни, текстурата на косата не може да ви помогне да го предвидите полот на детето. Наместо тоа направете ултразвук и веќе нема да морате да погодувате дали се работи за момче или девојче.

    Дали кожата на главата е поосетлива на хемиски третмани после бременоста?

    Се утврди дека ова е факт. Наместо класичното бојадисување можеби можете да се одлучите за ставање на прелив и благо осветлување на косата. На тој начин ќе го минимизирате контактот на хемикалиите со кожата и ќе спречите оштетување на косата.