ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Вашето дете зајдува од плачење? Дувнете во неговото лице!
    Вашето дете зајдува од плачење? Дувнете во неговото лице!

    Вашето дете зајдува од плачење? Дувнете во неговото лице!

    Мнгоу честа појава е вашето бебе да зајдува од плачење, посебно ова е појава кај бебињата постари од 6 месеци, но може да се појави и порано или покасно. Ова обично е последица од голема болка или страв. Во главно делува пострашно отколку што е, па многу родители зајдувањето го опишуваат како едно од потрауматичните искуства од првата година со своето дете.

    Најважното кое го советуваат стручњаците е да не паничите, посебно ако детето има повеќе од година или две бидејќи во оваа возраст децата зајдуваат од плачење со цел да ја постигнат посакуваната цел. Доколку сфатат колку сте се исплашиле, постојано ќе пробуваат да ве манипулираат на овој начин. Земете го детето, гушкајте го и нежно зборете му дека е се во ред, верувајте тоа ќе се смири.

    bebeplace,babyshop,majka,bebe,roditeli, бебеплаче, мајка, родители, бебе

    Меѓутоа, доколку станува збор за бебе кое зајдува од плачење, и престанува да дише неколку секунди или поцрвенува, само дувнете му во лице, тоа ќе му помогне да воспостави нормален ритам на дишење.  

    Кај сосема мали деца помага уште еден трик. Со рака фатете ги двете рачиња на бебето, ставете ги на неговите гради, а со другата рака држете го измеѓу нозете и нежно лулкајте го, горе-доле. Веднаш ќе се смири и ќе престане да плаче.