ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Важни совети во врска со исхраната со адаптирано млеко
    Важни совети во врска со исхраната со адаптирано млеко

    Важни совети во врска со исхраната со адаптирано млеко

    Која вода да ја одберете, на кој начин да го спремате млекото… За што треба да водат грижа родителите чии бебиња се хранат со млечна формула.

    Доколку вашето бебе делумно или целосно се храни со млечна формула, постојат неколку совети кои задолжително треба да ги знаете. Ги издвојуваме најважните.

    Внимателно одберете ја водата за бебето

    Која вода да му се даде на бебето е многу често прашање кое го поставуваат младите мајки. Бидете внимателни со изборот, затоа што дури и нискоминералните негазирани води кои се наменети за бебињата не се погодни за деца помлади од шест месеци. Затоа пред употребата задолжително загрејте ги. Најсигурно е за припремата на адаптирано млеко да користите посебни води за растворање на формулата. Нивниот минерален состав е прилагоден за бебињата, стерилни се и не мора да се загреваат пред употреба.

    Следете го упатството за припрема на млекото

    Доколку бебето го храните со адаптирано млеко, многу е важно внимателно да ги пратите упатствата при припремата. Користете исклучиво мерилка од брендот кој сте го одбрале и внимателно измерете ја количината од прашокот. Водете грижа и за температурата на водата.

    Внимавајте на хигиената

    Спремното млеко не го чувајте подолго од што е препорачано. Исто така, внимателно водете грижа за хигиената на приборот и рацете во текот на спремањето на адаптираната формула.

    Не мешајте мајчино млеко и формула

    Кога со рака или пумпа ќе измолзете млеко, можете веднаш да го употребите или да го помешате со веќе измолзеното млеко кое го чувате во ладилникот, но никако не би требало да го мешате со адаптираната формула, вода или било што друго.