ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  ВАЖНОСТА НА МЕЃУСЕБНОТО ДРУЖЕЊЕ НА ДЕЦАТА СО РАЗЛИЧНА ВОЗРАСТ
    ВАЖНОСТА НА МЕЃУСЕБНОТО ДРУЖЕЊЕ НА ДЕЦАТА СО РАЗЛИЧНА ВОЗРАСТ

    ВАЖНОСТА НА МЕЃУСЕБНОТО ДРУЖЕЊЕ НА ДЕЦАТА СО РАЗЛИЧНА ВОЗРАСТ

    Често се нагласува важноста на дружењето со врсниците, со што се заборава користа од дружењето на децата со деца од различна возраст, било да се работи за деца поголеми или помали од вашето дете. Па да видиме што се корисно од тоа може да се научи?

    Родителите имаат главна улога во одгледување на детето. Децата од најрана возраст највеќе поминуваат време во присуство со родителите кои се важни личности за нивниот развој. Меѓутоа како децата растат, почнуваат да поминуваат и одредено време со другите личности од околината, на пример со врсниците или со други деца од различна возраст. Тоа може да бидат и браќа и сестри или пријатели кои ги запознале во паркот или во градинка, соседи и др. Познато е дека децата многу учат низ игра и во интеракција со другите деца, што придонесува за развој на нивната когнитивност, социјалниот, говорниот и емоционалниот развој. Иако и помеѓу врсниците е можна одредена разлика, врсниците се најчесто деца кои имаат исти способности и знаење и затоа заедно усвојуваат нови вештини кои се карактеристични за нивната развојна фаза. Често се нагласува важноста на дружењето со врсниците поради што се занемарува користа од дружењето на децата со деца од различна возраст, било да се работи за помали или поголеми деца.

    Дружењето на децата со деца од различна возраст овозможува простор и на поголемите и на помалите деца  да учат едни од други. Од друга страна поголемите деца имаат можност да ја превземат одговорноста во играњето и дружењето со помали деца.

    Многубројни позитивни работи може да произлезат од дружење на децата со деца од различна возраст. Што се однесува до помалите деца, нивното дружење со поголеми деца може позитивно да влијае на развојот на говорот. Помалите деца повеќе сакаат да учат од поголемите отколку од своите врсници, што доведува до позрела игра кај помалите деца, односно до поголема мотивација за учење на нови работи. Во таквите односи често е присутна меѓусебната соработка, помагањето и разменувањето на работите. Помалите деца ја поттикнуваат емпатијата кај поголемите деца низ развивање на потешкотиите врзани со вештините и способноста кои не се еднакво развиени поради оправдани причини. Поголемите деца можат да ја подобрат својата социјална вештина низ организирање на игри со помалите деца. Исто така, можно е кај поголемите деца во текот на поставување на правилата на играта, да поттикнат почитување на истите и да дадат придонес во сопственото саморегулирање. Грижата за почитување на правилата може да биде од корист за децата кои имаат потешкотии со тоа и со овие односи ја превземаат улогата на одговорно дете, ги учат другите деца како да се почитува одлуката и полесно да се контролира своето однесување. Можно е и овие односи да доведат идо зајакнување на самодовербата и зголемување на сопствените вредности поради можноста за искажување на комплетното однесување при подучувањето и помагањето на помалите деца. Поголемите деца кои се повлечени, низ дружењето со помалите деца, имаат можност да ги извежбаат вештините на водство.

    Негативното влијание на поголемите деца над помалите

    Како и во се друго, секогаш постојат две приказни, така да влијанието на развојот едни на други може да биде и негативно. На пример, помалите деца кои ќе пораснат со агресивни браќа и сестри или ќе се дружат со агресивни поголеми деца може да научат и да покажуваат недолично однесување, да имаат послабо развиени социјални вештини односно да имаат не многу квалитетни пријателски врски. Помалите деца некогаш имаат преголема желба да ги копираат поголемите поради што не помислуваат за непромислените однесувања кои може да донесат последици, односно да настанат опасни ситуации. Од друга страна пак на поголемите деца дружењето со помали им прави досадни ситуации.

    Важно е децата да имаат дружба и со своите врсници и со деца кои се со различни години, за да имаат подеднаква можност за добивање на се што им е потребно. Тука секако се важни и родителите кои, како и за се останато водат сметка и го насочуваат детето давајќи му поддршка и се ослонец во текот на нивната интеракција со светот и околината околу нив.