
Ве молам, не им помагајте на моите деца!
Не седам тука, цели 5 метра оддалечена од своето дете, зошто сум премногу мрзелива да станам. Седам тука, затоа што ги донесов во парк за да ги научам како да ги создаваат работите сами.
Драги родители од паркот:
Ве молам, не ја подигнувајте мојата ќерка на врвот на лизгалицата, посебно што потенцирав дека нема да им помагам јас во тоа, зошто сакам да ги охрабрам сами да го прават тоа.
Не се тука за да бидат на последната пречка, туку тука се да се научат да се искачуваат. Ако не успеат во тоа, ќе го преживеат и разочарувањето. Доколку имаат цел, таа треба и да ја остварат.
Во меѓувреме, нека користат скали. Сакам да им здосади сопственото ограничување и да пробаат да го надминат сопствениот труд, без моја помош.
Мојата работа не е, а сигурно не е ни ваша – да го спречите моето дете да се чувствува фрустрирано, да чувствува страв или непријатност. Кога тоа би го направила, ќе ја одземам можноста да научи дека тоа чувство не значи крај на светот.
Доколку се заглави, не е моја работа веднаш да го спасувам. На тој начин не би можела да ги научам како да се смират, да ја проценат ситуацијата и да пробаат сами. Не е моја работа да ги чувам од паѓање. На тој начин ќе им оневозможам да научат дека многу пати во животот можат да паднат но дека и тоа паѓање вредело да се ризикува, а потоа повторно да се исправат. Не сакам мојата ќерка да научи дека не може да ги надмине препреките без помош. Не сакам да научи дека големите работи можат да се поттикнат без напор.
Не сакам да научи дека имаат право на награда без заслуга и труд. А, ако за моменти им дозволам го помислат тоа, тогаш не сум успешна како мајка.
Сакам мојата ќерка да направи успех со вложен напор. Сакам да верува во сопствените можности и да биде самоуверена и одлучнна. Сакам да ги прифати сопствените можности и да биде самоуверена и одлучна во напорите. Сакам да ги прифати ограничувањата додека не открие дека може со сопствена сила да ги надмине. Сакам да биде способна да носи сопствени одлуки, да развива вештини и да превзема ризици. Да научи да излегува на крај со сопствените чувства.
Затоа сакам во паркот да се искачува сама, без ничија помош, колку и да била таа добронамерна.
Затоа би била благодарна доколку се повлечете и дозволите да правам сама како мислам дека треба.
Како детето ќе расте, пречките ќе се зголемуваат и ќе бидат уште потешки и страшни. Не знам за вас, но јас пре би сакала да помогнам да стекне вештините сега, на помали години, кога грешките значат удрено колено кое може да се излечи со бакнеж, кога најголемото брдо може да се освои со бодрење преку песнички, додека оние 5 метри помеѓу нас делуваат ако голема оддалеченост.
Јас вака сакам да ги воспитувам моите деца, а вие како сакате.
Автор: Almeda Patch