• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Вербална комуникација кај бебињата
Вербална комуникација кај бебиња

Вербална комуникација кај бебињата

До шестиот месец, бебето ќе сознае дека располага со вградена способност да зборува на ваш јазик. Ако му зборувате, ќе помогнете во активирањето на овој сознаен процес. На почетокот, бебето ќе учи да ги повторува вашите звуци, а потоа ќе почне самостојно да зборува.

Некои родители му зборуваат на бебето со нормална дикција и вокабулар. На бебето на почетокот ќе му биде проблематично да повтори некои звуци, но со текот на времето ќе ги научи точните имиња на луѓето, местата и нештата.

Други родители пак одлучуваат да зборуваат “бебешки”. При овој стил на комункација бебето полесно ги повторува вашите звуци, но понатаму може да настане забуна околу точните имиња на луѓето, местата и нештата.

Препорачливо е родителите да употребуваат мешавина од двете техники. За најдобри резултати, зборувајте со повисок регистар. Аудиосензорите на бебето подобро ги регистрираат високите тонови.

Бебешки јазик

Кај бебето од раѓање се инсталирани повеќе изрази на бебешки јазик, меѓу кои најчести се:

– Гугу

– Куу

– Ааа

Кога бебето ги емитува овие звуци, повторете му ги. Така, бебето ќе се охрабри и ќе ги прозиведува почесто, а ги учи и основите на секојдневниот разговор.

Природен говор

На возраст до шест месеци, некои бебиња почнуваат да прават гласови што личат на фрагменти од вистински зборови, на пример : да, ба, ма. За да помогнете во преодот од овие гласови  во зборови, користете ги следниве техники.

1. Повторувајте ги гласовите на бебето

2. Поттикнете го да ве имитира. Дајте му аплауз и охрабрување кога ќе го повтори гласот што сте го кажале вие.

3. Одговарајте на бебешките гласови со природен говор. Вратете му со ” Навистина? Така ли ? ” или ” Мислам дека имаш право. ” Вашата насмевка и вашиот ентузијазам ќе го потикнат бебето да го продолжи разговорот.

Совет – При својата интеракција со бебето, многу родители вербално ги опишуваат своите постапки на глас, на пример “Сега ќе ти го подготвам шишето “. Бебето го сака ваквото внимание и можно е побрзо да научи како и за што се употребува јазикот.