
Вештачката интелегенција им помага на предвреме родените бебиња
Најголемата годишна конференција од областа на аналитиката, која ја организира компанијата САС, се одржа во американскиот град Далас од 28 Април до 1 Мај. На конференцијата секоја година присуствуваат голем број на стручни лица кои со примери од секојдневниот живот го претставуваат влијанието на напредната аналитика, вештачката интелегенција и машинското учење на решавање на работните проблеми.
“Повторно е актуелен фокусот на податоците и аналитиката, кој потекнува од постоењето на се помоќните компјутери, поврзаноста во светот и моќните технологии како вештачката интелегенција и машинското учење”, вели извршниот директор на компанијата САС, Џим Гуднајт.
“Клучот е да ги искористиме податоците кои ги имаме на располагање како би ги решиле најголемите предизвици. САС нуди аналитика за сите корисници и технологија. Моќната аналитика може да им помогне на нашите корисници било каде, во било која област и да се прилагоди на било кои проблеми”.
Малите бебиња и големото влијание на вештачката интелегенција
Десет проценти од сите бебиња се раѓаат предвреме, а тие се многу подложни на инфекции. Како би се пратело нивното здравје, предвреме родените бебиња неретко се поврзани на голем број на апарати.
Во тек на десет години, Универзитетскиот медицински центар во Утрехт (UMC Utreht), прибираше анонимни податоци од одделението за интензивна нега и неонатологија. Така е започнат проектот “Големи податоци за малите бебиња” (Big data for small babies), со цел користејќи ја напредната аналитика, машинското учење и вештачката интелегенција, проактивно да ги третира или дури и да ги спречи инфекциите кај предвреме родените бебиња.
Користејќи го решенијата на САС за вештачка интелегенција и напредна аналитика, тим на стручни лица од UMC Utreht анализираше историски податоци од уредите од одделенијата за интензивна нега и неонатологија и разви аналитички модел кој ги предвидува инфекциите кај предвреме родените бебиња.
Предвидувањата ја вклучуваат и можноста за добивање на сепса и инфекција на крвта која може да биде опасна по живот. Моделот кој е развиен со 90% прецизност може да предвиди присуство на бактериски инфекции кои се причинители на сепса. Ова е значајно поголем број од дијагностиката на лекарите заснована на прегледите на пациентот и постоечките симптоми.
“Користејќи ја вештачката интелегенција на САС и напредната аналитика, докторите и медицинските сестри од UMC Utreht можат да донесат најдобра можна одлука за своите мали пациенти, така што ќе им обезбедат терапија која спасува живот, или ќе избегнат непотребни антибиотици”, кажа Даниел Вилбриф, MD, неонатолог на UMC Utreht.
Аналитиката се применува во сите области. Индустриите како банкарството и здравството се потпираат на напредната аналитика како би го искористиле потенцијалот на вештачката интелегенција за да решат предизвици во работењето, но и значајни друштвени теми.
САС има можност да анализира и управува со голем број на податоци, како би ги автоматизирал одлуките кои се носат на дневно ниво. Со примена на софистицирана аналитика, компаниите можат да донесат паметни, ефикасни и персонализирани одлуки.