
Ветровито време и бебе
Родителите не треба да имаат дилема околу прошетката со децата: Дури и при ниски температури, прошетките се добри бидејќи го зајакнуваат имунитетот на децата, го зголемуваат апетитот и влијаат на подобар сон.
Многу мајки се во дилема дали на студено време треба да ги прошетаат малите деца, колку треба да бидат надвор, како да ги облечат, кое е ограничувањето на температурата која се препорачува за прошетки.
Експертите ве советуваат да го шетате детето колку што може повеќе на отворено, тоа го зајакнува имунитетот на детето, ја зголемува отпорноста кон инфекција, го стимулира апетитот и обезбедува подобар сон. Новороденчињата може да се шетаат од петнаесеттиот ден од животот, освен во случаи кога температурата е пониска од -10 степени. Тие треба да се изнесуваат накратко и да се зголемува должината на времето поминато надвор секој ден.
Кога надвор дува прилично силен ветар , може да го изнесете бебето неколку минути на свеж воздух. Долгите прошетки не се препорачуваат за ветровито време, но, ако сте многу принудени, се советува дека бебето е добро облечено и да има капа на главата.
Еве, на пример, бебето изнесете го за прв пат околу десет минути, и секој следен пат, продолжувајте го времето за пет минути. Сепак, не е препорачливо бебето да биде надвор повеќе од еден час. Исклучок се предвремено родени бебиња кои имаатпотенок слој на маснотии и незрел систем за одржување на телесната температура, така што тие треба да чекаат за прошетки со нив додека не станат малку посилни. Педијатрите советуваат дека е подобро, во случаи кога температурата е под нулата, детето треба да го прошетате двапати дневно по половина час.
Ова се однесува на малку поголемо бебе, до една година, кое треба да се прошета во најтоплиот период од денот. Сончевата светлина, без разлика колку е слабо сонцето загрева, и му обезбедува на бебето дополнителна количина на витамин Д.
Ако на бебето му тече носето, или има блага кашлица без температура, можете да го однесете на прошетка, велат експертите. Престојот надвор, само ќе му помогне и ќе му користи да закрепне побрзо. Не се препорачува да се шета бебето ако температурата е помала од -10 и кога е магла.