Вежбање после породување
Зошто се добри Кегеловите вежби после породувањето
Кога може да почнам со вежбање?
Со вежбање немојте да почнувате додека не ви се смири крварењето-значи, почекајте да помине една недела после породувањето. Ако сте се породиле со царски рез почекајте го првиот преглед после шест недели на кој ќе се консултирате со лекарот дали може да почнете вежбање и кои вежби може да ги правите.
Во кој случај не треба да се вежба?
-Ако лекарот ви советувал да не правите вежби,
-Никогаш немој да вежбате ако сте исцрпени и не се чуствувате добро,
-Ако имате проблем со кичмата, прво консултирајте се со лекарот дали може да ги правите овие вежби.
Да ли смеам да ги правам Кегеловите вежби после породување?
Секако, препорачливо е, за да може стомакот да ви биде што побрзо како пред породувањето. Со Кегелови вежби може да почнете во првите часови после породувањето. Со Кегеловите вежби ќе го поправите тонусот на мускулите на карличното дно. Се изведуваат така што е потребно да се предизвикаат контракции на мускулите на карличното дно (како да сакате да го прекинете млазот на мокрачата) и да ја задржите во траење од 5-8 секунди. После десет секунди пауза, треба да се повтори контракцијата. Ова се изведува во серија од 5-10 контракции, неколку пати во текот на денот.
После породувањето, кога мускулите на карличното дно се многу истегнати, Кегеловите вежби се препорачуваат поради враќање на тонусот на мускулите и избегнување на последиците на таквата состојба (спуштање на внатрешните гениталии или бешиката) кои може да се појават во подоцнешните години, како и да се подобри квалитетот на сексуалниот живот.
Како безбедно и со ефект да вежбам?
Направете план и придржувајте се до него. Во договор со некој кој ќе ве замени односно ќе го земе бебето за еден час (најдобро е тоа да биде таткото на бебето) испланирајте кога е најдобриот период во текот на денот за вашите вежби. Почитувајте го вашиот план, бидејќи ако ги прескокнувате термините-вежбите нема да имаат ефект.
Не брзајте бидејќи треба да вежбате полека, упорно и ефектно. Додека вежбате треба да го почувствувате секој дел од телото кој учествува во вежбата.
Немојте да се форсирате бидејќи сепак немате доволно кондиција. Првиот ден извежбајте една серија вежби и секој ден додавајте по малку. Вежбите не ги повторувајте повеќе пати од што се препорачува, може да добиете непотребно воспаление на мускулите. Правете вежби кои исклучуваат скокање и било какво движење.