ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Вежби за поттикнување на говорот кај бебиња од 0 до 12 месеци
    Вежби за поттикнување на говорот кај бебиња од 0 до 12 месеци

    Вежби за поттикнување на говорот кај бебиња од 0 до 12 месеци

    Како детето ќе ги развива своите говорно – јазични способности и правовремено ќе оствари комуникација со околината зависи од околината која го опкружува детето, односно во најраниот период зависи од родителите.

    Првата година од животот на детето се смета за критичен период во развојот на детето кој е под влијание на различни фактори од околината. Детето ги запазува и ги впива сите однесувања околу него и на тој начин ги усвојува и го обликува и своето однесување и комуникација.

    Кога детето ќе се роди, од самиот почеток, уште како новороденче, испраќа важни сигнали во својата околина.

    Ќе ви прикажеме некои интересни начини како да го поттикнете говорно – јазичкиот развој на детето во првата година од животот.

    0 – 3 месеци

    Детето легнете го пред вас како и вие и детето би се чувствувале пријатно. Пред секоја вежба малку погалете го и прашајте го дали малку сака да зборува со вас. На тој начин детето го слуша вашиот глас и ја слуша интонацијата на говорот, во овој случај прашалните реченици со што сакаме да постигнеме мислење дека од детето очекуваме некаков одговор.

    Следните вежби повторете ги 2 – 3 пати:

    -Отворете ја силно устата и изговорете го гласот А.

    -Изговорете го гласот А повеќе пати по ред, прво со брзо а потоа со бавно темпо.

    -Изговорете го гласот А, а по него веднаш поврзете го со гласот Е. Во текот на изведувањето на оваа вежба со гласот Е развлечете ја устата во насмевка.

    -Испраќаме бакнежи, брзо, тивко, гласно, бавно. Набљудувајте на што детето најмногу реагира, односно што му привлекува најмногу внимание.

    -Произведете свиреж кој може да биде испрекинат, гласен, тивок, бавен, брз. Произведете различни мелодии.

    Во оваа фаза не треба да очекувате дека детето сето тоа ќе го повтори по вас. Важно е да воспоставите контакт со очите, а бебето на вашите звуци да реагира со насмевка, глас и.т.н.

    Исто така, добро е и вие да ги повторувате гласовите кои ги произведува детето.

    6 – 9 месеци

    Во оваа фаза важно е да воочите кои гласови детето веќе само ги продуцира како би можеле да смислите некои од вежбите и да ги збогатите со нови гласови.

    Одберете ја играчката која најмногу ја сака и со неа изговарајте га, га, га, га… Препорачливи се играчки кои произведуваат звуци.

    -Играта на додавање со топка која ќе ја пропратите со следните гласови: ба, ба, ба, ба…па, па, па, па…ма, ма, ма, ма…

    -Имитирајте птици, пеперутки со движења на телото и пратете ги со слогови. На пример “Птицата лета пи, пи, пи… Пеперутката лета ле, ле, ла, ла, ло, ло…”

    Во оваа фаза исто така е важно да го анимирате детето со разни игри во кои ќе вклучите различен темпо и мелодија на говорот.

    9 – 12 месеци

    -Именувајте предмети со различна интонација.

    -Додавајте се со топка во комбинација со повеќе зборови со поттикнување на разбирање на налозите и барањата. На пример “Фати ја топката, дај, дај ми ја топката..турни…Турни ја со ногата и кажи оп!”