Виолетово плачење
Ако вашето бебе плаче во текот на ноќта без причина, проверете дали е во прашање “виолетово плачење”
Преку ден вашето бебе е насмеано и расположено, како доаѓа ноќта, почнува да плаче и тешко ви е да го смирите.
Важно е да знаете дека бебињата често плачат без причина, и тоа не дека не сте успеале да го утешите, не мора да значи дека правите нешто лошо.
Секое бебе еднаш проаѓа низ фазата на зголемено плачење, кое е познато како ’’виолетово плачење”. Интензивното плачење на бебето, не е знак за проблем. Стручните лица сметаат дека тоа е нормална фаза на секое дете, а кога ќе сфатите дека тоа е нормално, полесно ќе се носите со тоа.
Што претставува виолетово плачење?
Виолетовото плачење (Purple crying) не значи дека вашето бебе ќе стане виолетово или модро од плачење, туку претставува акроним. (збор од каде почетните зборови имаат одредено значење)
-PEAK: Почнува од втората недела на бебешкиот живот. Времето се зголемува и своето врвно достигнување е околу вториот месец и потоа полека опаѓа се додека не престане целосно.
-UNEXPECTED: Тотално неочекувано, не постои предвидлив почеток или пак крај на плачењето.
-RESIST: Бебето одбива да се смири, без разлика што и да пробате да направите.
-PAIN-LIKE: Бебето прави гримаси, како нешто да го боли, но не грижете се, ништо опасно нема да му се случи на бебето.
-LONG LASTING: Плачењето е долготрајно, знае да трае од неколку минути до неколку часа.
-EVENING: Се појавува најчесто навечер, иако до тој момент било се како што треба