ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Висок притисок-како да се излечи неизлечивото
    Висок притисок-како да се излечи неизлечивото

    Висок притисок-како да се излечи неизлечивото

    Високиот притисок стана наше секојдневие, се почесто и почесто во амбуланта се јавуваат млади луѓе, времето во кое живееме ја помести границата на некои болести и за жал ќе се поместува се пониско и пониско

    Ќе пробаме, низ нашето искуство во редот со пациентите, Да ви објасниме како ние почнуваме со лечење на крвниот притисок и што им советуваме на пациентите да направат за да го донесат крвниот притисок во нормала.

    Денес за висок притисок се смета зголемување на притисокот преку 140/90 според европските стандарди, додека Американците сметаат дека боледувате од висок притисок ако е тој повисок од 130/90. Но тука постојат и личности кои имаат низок притисок на пример 90/60 и тој ќе им се зголеми на 120/80, тие ги имаат сите симптоми за висок притисок како што се главоболка, мачнина, болка во градите, вртоглавица….

    Од друга страна постојат и личности кои нормално функционираат со висок притисок. Бил еднаш еден моногу добар дедо кој немал никакви проблеми а на кој при рутински преглед му е откриено дека има притисок 200/100, на прашање откаде тој притисок тој одговорил дека тоа е за него нормален притисок и дека тој ако притисокот му е понизок се чуствува многу лошо.

    Тука греши, човечките суштества се многу прилагодливи, нашиот организам многу лесно се навикнува на висок притисок, но не е исто кога на некој кој има нормален притисок од 120/80 ќе му се качи притисокот на 260/120 и кога на горе споменатиот дедо за него нормалниот притисок 200/100 ќе му се покачи на 260/120, не е добро ни едното ни другото, но поголема е веројатноста дека добриот дедо ќе заврши лошо. Таквите пациенти се многу тешки за соработка и процесот на неговото лечење е комплициран. На нив треба да им се објасни дека ќе имаат потешкотии, кага полека притисокот ќе почне да им се намалува бидејќи нивниот организам е навикнат на висок притисок. Тие многу лесно се откажуваат од лечењето и се враќаат на старите навики но тука треба јасно да им се стави на знаење дека може лесно да се преселат на другиот свет каде што ќе немаат проблеми со високиот притисок. Тоа е превише црно, но ние постојано се сретнуваме со тој проблем и настојуваме да бидеме што е можно посурови и искрени. Ние многу често на своите пациенти им ставаме на знаење дека можат така да се изразиме, “лесно може да добијат покана за оној свет и дека неа е многу тешко да ја избегнат” … . ах тој балкански црн хумор, тој понекогаш претставува фантастичен начин за разговор со пациентот…

    Како ние му пристапуваме на пациентот кој ќе ни се јави прв пат, кој има на пример помеѓу 35-45 години и кој од потполно здрав, почувствувал болки во вид на главоболки, мачнина, притисок во главата, малаксалост и болка во градите.

    Пред се, го прашуваме дали мерел притисок, денес апаратите за притисок се достапни и би требало сите да ги имаат, заблуда е дека електронските се полоши од класичните, важно е само да се пратат упутствата за употреба. Кога пациентот ќе ни каже дека измерил на пример висок притисок , ние тој притисок му го проверуваме. Мериме кога можеме и на двете раце, треба да се нагласи дека секогаш постои разлика помеѓу мерењето на рацете и таа не треба да биде поголема од 10-20.

    Не се дава веднаш терапија, прво што треба да се направи е да покрај мерењето на притисокот треба да се преслуша и срцето и плуќата и секако да се направи ЕКГ. Ако е притисокот и кај нас во ординација висок, тогаш им даваме терапија за намалување на притисокот (таблета или инекција) и секако тој мора да биде некое време во ординација додека не му се спушти притисокот на нормална вредност.

    Второ, тој пациент мора да направи и крвна слика, (холестерол ХДЛ и ЛДЛ, триглицериди), шеќер, уреа, и креатинин (препорака е да се испита и клиренс креатинин), натриум, калиум, калциум, како и ензими на јетра (АСТ, АЛТ) и урина. Тоа е некоја почетна дијагностика која се прави. Во зависност од тие анализи, одлучуваме дали има потреба за некои дополнителни истражувања (посета на интернист, ехо на срце…)

    Трето, на пациентот му се советува да мери притисок дома и да води дневник со вредностите. Врз основа на вредности кои ќе ги измериме ние и тие што се измерени дома, се одлучува каква терапија ќе се избере.

    За почеток му кажуваме на пациентот дека мора да држи диета а тоа подразбира да го смали внесувањето на сол , да јаде многу зеленчук и овошје, како и влакна, а најбитно да го смали внесувањето на масти (поготово заситени, тоа се сите тие што се наоѓаат во свинската кожа, во запршките итн…). Утврдено е дека со таа диета се смалува притисокот за околу 11 mm Hg, а ако ослабете на пример 5 кг. притисокот се смалува за уште 5mm Hg (1kg ако смалите го намалува притисокот за 1mm Hg). Секако, се препорачува и умерена физичка активност (и лесно шетање е доволно) која може да ги смали вредностите за уште 4-5 mm Hg, а ако го смалите внесувањето на алкохол ќе се намали притисокот за уште 3mm Hg.Кога тоа ќе се собере, само со здрав начин на живот може да го намалите притисокот за повеќе од 20mm Hg! Вреди да се размисли за тоа!

    После сето ова пристапуваме кон воведување на лекови.

    Обично почнуваме со еден лек како што е диуретици (лекови за исфрлање на течноста) како што се хидрохлортиазит или индапамид или со некои АЦЕ инхибритиром (лекови кои го блокираат едниот ензим во крвта кој го зголемува притисокот) кога на пример каптоприл, рамиприл, еналаприл, фосиноприл или лизиноприл…

    Секако ако има потреба, може да се дадат лекови со друг начин на делување како што се АРБ, блокатори ангиотензин рецептора-ангиотензим II е материја кој кога ќе се врзе со ќелиите на крвните садови на зголемениот прититсок, со блокирање на тоа врзување доаѓа до ширење на крвните садови и притисокот се симнува. Претставници на таа група се лосартан, валсартан, телмисартан, ирбесартан…

    Исто така се дава Ca антагонисти коко што се амлодипин, фелодиопин, нифедипин, но и многу други лекови како што се диуретици од типот фуросемид, буметамид, торасемид, но и бета блокатори како што се метопролол, бисопролол, небиволол, пропранолол…

    Зошто е важно да се смали крвниот притисок? Прво тоа е важно затоа што се смалува ризикот за развивање на кардиоваскуларните болести како што се инфаркт, ангина пекторис, мозочен удар, срцева слабост (и многу други) кои сами по себе даваат многу компликации. Второ, со смалување на притисокот ги штедите бубрезите, да не се развие бубрежна слабост, што посебно е важно за дијабетичарите. Трето и најбитно подолго ќе живеете.

    Пробавме на што поедноставен начин ви објасниме што е и како се лечи високиот притисок, но битни сте и вие и вашиот начин на живот. Затоа пазете на својот начин на живот , бидејќи на него колку толку може да влијаете, а целта е здраво да се живее и што е можно помалку лекови да се пие.