ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Вистини и митови за бременоста
    Вистини и митови за бременоста

    Вистини и митови за бременоста

    Трудниците најчесто се опсипани со разноразни митови, сигурно и вие сте чуле некои од нив. Кои од тие митови се вистинити?

    Често одење во тоалет – Вистина
    Хормонските промени кои се случуваат во вашето тело доведува до зголемена потреба за мокрење. Тоа исто така може да биде и еден од првите симптоми за бременост. Како бременоста е се понапредна, потребата за мокрење се повеќе и повеќе може да се зголемува, како се зголемува матката така се прави и притисок на мочниот меур па имате постојано чувство на полна бешика.
    На трудниците не им се препочачува пливање – МИТ
    Бањањето и пливањето имаат позитивно влијание на бременоста – всушност тоа е една од најдобрите активности во бременоста бидејќи ја негува мускулатурата. Со тоа, митот дека е забрането пливање е избришан!
    Вистината е дека се препорачува бањање и пливање во чисти езера или море, но не и базени поради зголемен ризик од развој на вагиналнин воспаленија или инфекции на внатрешните органи. Хормоните во бременоста исто така ја менуваат флората со што се повеќе подложни на инфекции од претходно.
    На трудниците им е забрнаето да посетуваат сауна и џакузи – Вистина
    Ако пливањето има позитивно влијание врз трудниците, тогаш џакузито и посетата на сауна може да биде опасно. Бањањето во вода чија температура е повисока од 35 степени, може да предизвика пад на крвниот притисок, помал кислород за плодот, вртоглавица, слабост, може да го загрози уредниот развој на плодот, посебно во првото тромесечије. Не се лажете да се туширате со врела вода или пак тоа нека не трае подолго од 10 минути.
    Првото тромесечие е најризично – Вистина
    Првите три месеси за бебето се најважни. Од првата до осмата недела бременоста се обликуваат трите главни органи, плодот тогаш е најосетлив на сите штетни работи кои се внесуваат во организмот (алкохол, никотин, лекови…). Во тој момент постои голем ризик за спонтан абортус, тогаш се развиваат кромозомските болести кои може да влијаат трајно на животот на детето. Тие можат лесно да се откријат уште во 10 недела од бременоста преку неинвазивен тест.
    Избегнувајте мачки – МИТ
    Дружењето со мачки за време на бременоста е сосема сигурно. Вистина е дека трева да бидете внимателни со изметот на мачките бидејќи може да биде предизвикувач на токоплазма која пак може да има сериозни последици на плодот. Заразената трудница може во потполност да не покажува знаци на болест, зараза за плодот подеднакво може да биде закана за опасност и да предизвика предвремено породување, пртвороденче или пак бебето може да се роди со различни клинички симптоми и зараза.