Вистини и заблуди за цуцлата
Цуцлата не може да предизвика проблеми со забите ако се користи само до вториот роденден. Цицањето на цуцлата ги отвора дишните патишта, бидејќи јазикот и усните постојано се движат.
Новородените деца кои редовно ја користат цуцлата, ретко имаат синдром на ненадејна смрт (SIDS), кој обично се случува од вториот до 14-тиот месец. Ова беше истакнато од американскиот педијатар и автор на бестселерот: “Кога новороденчето ќе пристигне во куќата”, д-р Џенифер Шу.
– Шмукањето на цуцлата ги отвора дишните патишта, бидејќи јазикот и усните постојано се движат, што го спречува бебето да влезе во длабок сон кога најчеста е ненадејната смрт. Американската академија за педијатрија препорачува родителите да му дадат на своето бебе цуцла пред да ги стават во креветчето и така да си заспијат. Тоа не значи дека на неа треба да се инсистира, ниту пак да бдеете над креветот и да ја враќате кога ќе испадне од устата. Цуцлата не може да предизвика проблеми со забите ако се користи само до вториот роденден. Бебињата кои енегриќно цуцаат цуцла, треба да им се укинат околу 18от месец- советува Џенифер Шу.
Студиите, исто така, покажаа дека децата постари од три години, кои сеуште ја користат цуцлата често, почесто имаат инфекции со средно уво.