Витамин Д во бременост за јаки мускули кај децата.
Витамин Д во бременост за јаки мускули кај децата.
Британските студии во која учествувале околу 700 мајки и деца покажала дека бебињата чии мајки внесувале големо количество на витамин Д во текот на бременоста, имаат голема мускулна маса.
Исто така, научниците отркиле дека поголемото присуство на витаминот Д во крвта во текот на бременоста влијае на растот на влакна кај бебињата.
Истражувачите ја споредиле количината на витаминот Д кај трудници со јачина на стискање на рака на нивните четиригодишни деца. Тие тврдат дека цврстината на мускулите кај децата е многу битна бидејќи остава позитивни последици кај децата. Во текот на студијата докажано е дека младите луѓе со јаки мускули имаат помала шанса од повреда од паѓање и помала шанса за појава на дијабетис.
Голем број на студии потврдиле за важноста од внес на овој витамин во бременоста па затоа се советуваат трудниците да земаат намирици богати со овој витамин или суплементи, како и редовно да излегуваат на сончева светлина.