
Витамин К и новороденчињата
Витамин К и новороденчињата
Сите бебиња се раѓаат со околу 30 до 60 проценти помалку витамин К од возрасните, што се смета за дефицит.
Причина за низок витамин К кај новороденчиња има неколку:
– Витаминот К тешко проаѓа низ постелицата
– Периодот непосредно по раѓањето цревата на новороденчето се стерилни ги нема потребните бактерии кои би го произвеле витаминот К.
– Во споредба со другите млека, хуманото млеко содржи ниско ниво на витамин К. Па дури и млечната формула содржи повеќе витамин К (мајчино млеко: 1-9 mcg/L, адаптирано млеко: 53-66 mcg/L).
Со оглед на тоа што новороденчињата не се во ситуација да произведуваат витамин К, кај нив може да дојде до развој на различни аномалии – неразвиеност на носот, устата и средината на лицето, менталнат ретардација, потешкотии во учењето, деформитети на лицето и прстите и успорен раст и развој.
Од таа причина во многу развиени земји, сите новороденчиња добиваат витамин К по пат на инекција со што би се спречила евентуална можност од крварење, посебно во мозокот.
Сепак нивото на витамин К може да се зголеми во текот на бременоста и во периодот на доење, еве како:
– Јадете повеќе зелен зеленчук богато со витамин К1
– Спремете оброци со билно масло кои содржат витамин К
– Во исхраната вклучете и ферментирана исхрана. Во Азија редовна јадат ферментирана соја и зеленчук богато со витамин К.
– Избегнувајте антибиотици кои не би ја нарушиле цревната флора. Бактериите во цревата произведуваат витамин К2 по пат на апсорбција во крвотокот. Иако цревната флора на новороденчето е неразвиено, вагиналното породување, контактот кожа со кожа, како и раното доење, можат да бидат од голема помош при зголемување на бебината цревна флора.
– Почнете да користите суплементи, витамин К.