• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Вкусни и меки: Палачинки од компир кои децата ќе ги обожаваат
Вкусни и меки: Палачинки од компир кои децата ќе ги обожаваат

Вкусни и меки: Палачинки од компир кои децата ќе ги обожаваат

Необичен и многу вкусен рецепт кој ќе го обожава целото семејство, а најмногу најмладите.

Потребно ви е:

-4 шолји рендан и излупен компир

-едно јајце

-3 лажици брашно

-една лажица рендан кромид

-една лажица сол

-1/4 лажица бибер

-масло за пржење

-по желба малку павлака и магдонос

Припрема:

Измијте го ренданиот компир во ладна вода, добро исушете го, за да излезе целиот вишок на вода. Ставете го во поголема вангла. Додадете јајце, брашно, кромид, сол и бибер, па се заедно убаво соединете.

Во поголема тава која не лепи, на средна температура загрејте масло (дното нека биде сегде покриено со масло во висина од околу пола сантиметар). Една третина шолја наполнете со смеса и спуштете ја во маслото, па со лопатка нежно притиснете да се изравни и да добие облик на американска палачинка.

Пржете од двете страни додека не добијат златно – кафена боја, па вадете ги на хартија за храна да се исцеди вишокот на маснотии.

По желба посипете со малку магдонос и веднаш служете ги со кисела павлака.