Влијанието на житарките врз артритисот
Интегралните житарки се тренд во исхраната, но дали сте знаеле за нивното дејство?
Ревматидниот артритис, најчесто е воспаление на зглобовите. Се развива во одреден период и најчесто ги напаѓа симетричните зглобови. Почнува со неспецифични болки, како малаксаност, умор, губење на апетит и телесна тежина, потоа се појавуваат проблеми со зглобовите тоа напрво на малите зглобови на рацете. Зглобот е отечен и има изразена внатрешна вкочанетост, а како болест во напредна фаза доаѓа и до деформација , оштетена функција и на крај деструкција на зглобовите. Во основа ваквото заболување е поради имунолошко пореметување, а самиот воспалителен процес е најчесто вирусна и бактериска инфекција. Како и секоја автоимуна болест, најчесто се јавува кај жените.
Интегралните житарки го смируваат воспалението на зглобовите. Доматите и пиперката кај некои луѓе предизвикуваат развој на артритис.
Ревматидниот хроничен артритис, по карактер не може да се излечи. Целта на терапијата е да се одржува болеста во мирна фаза. Еден од најважните фактори во овој процес е правилната исхрана.
Општо познато е дека житарките се главен извор на нутритивно вредни јаглени хидрати, а кај ревматидниот артритис е најважно да се внесуваат интегрални житарки. Докажано е дека овесот, јачменот, пченицата, интегралниот ориз ја смалуваат воспаленоста и воспалителниот процес. Позитивно влијае на кардиовоскуларните болести, дијабетисот и реуматоидниот артритис.
Она што треба да го знаете е дека производите од бело, рафинирано брашно, како и белиот орис, помфрит и инстант пире, имаат висок гликемијски индекс и посредно стимулираат воспалителен процес кај артритисот.
За време на воспаление, кога зглобот е отечен и кога боли, физичката активност треба да се намали, но не и потполно да се прекине. Рамнотежата, одморот и умерените физички активности благотворно делуваат на организмот.