Внимание: Старите градници можат да предизвикаат здравствени проблеми
Внимание: Старите градници можат да предизвикаат здравствени проблеми
Доколку имате веш кој е постар од една година, задолжително фрлете го, бидејќи тој може да предизвика здравствени и естетски проблеми.
Наместо да чекате прва појава на гребнатина или избледеност на материјалот, стручните лица советуваа често да правите обнова на својот веш – градници, гаќи, со што ќе го заштитите своето здравје.
Според нивна препорака, градниците би требало да би требало да се менуваат на секои 6-8 месеци, а гаќичките после година дена или пак порано доколку станат неудобни или пак осетите неудобност кога ги носите.
Жените треба да обрнат внимание на поединечни детали како градникот. Ако подолго време се закоѓчувате на последното копче, или пак еластичната гума од страна на градникот ослабнала, време е да купите нов.
Ова е особено важно за жени со големи гради. Она што малку луѓе го знаат е дека градите најмногу ги држи позадинската страна на градникот а не корпата. Со оглед на тоа дека позадинската страна носи терет, важно е да се внимава на кое копче да се закопча. Колку е по растегната позадинската страна на градникот, вашите гради имаат поголема поддршка и ткиво кое се развлекува, со што градите почнуваат да висат. Исто така и бочната страна е важна, кога гумата ќе ослабне , градникот не дава потребна поддршка.
Иако многу дами помислиле дека им требаат многу градници, ние предлагаме да имате само 3.